6.8 C
Скопје
17:18 - 18 декември, 2024

На еспресо со Петар Андоновски, писател: Jас првин сум читател, а потоа писател

Секогаш сум ги доживувала писателите како некој посебен свет, луѓе загадочни, прилично затворени за поширока комуникација, дури и мрачни. Петар Андоновски, писател кој на 35-годишна возраст веќе има пет книги зад себе е сè, само не таков. Отворен, лесно комуникативен, би се рекло и сеприсутен на разни културни настани, пред се’ оние од литературна провиниенција. Неделава е учесник на литературната манифестација „Bookstar“ во Скопје, која се одржува од 3-5 октомври. Тоа и беше поводот за ова интервју.


Петар Андоновски (1987, Куманово) дипломирал на Општа и компаративна книжевност. Дебитирал со книгата поезија „Ментален простор“, 2008, а потоа се редеа романите „Очи со боја на чевли“, „Телото во кое треба да се живее“, 2015 и „Страв од варвари“, 2018. Ги има добиено наградите „Роман на годината на Утрински весник“ за 2015 г., „Европската награда за литература“ за 2020 г. и „Пен преводи“ од Англискииот ПЕН центар. Неодамна во Театар Куманово беше поставена претстава според неговиот роман „Лето во кое те нема“. Преведува од грчки.

Деновиве во Скопје се одржува меѓународната литературна манифестација „Bookstar“, во која ти си еден од учесниците. Што очекуваш од новата средба со колегите од регионот и од Европа и со скопската публика?

– Ова не е мое прво учество на ,,Bookstar”, минатата година учествував на тркалезна маса во рамки на фестивалот, а пред неколку години учествував и настан заедно со Славенка Дракулиќ и уште неколку македонски писатели на кои требаше да направиме заедничка приказна. Последните неколку години активно гостувам по книжевни фестивали во регионот и Европа, и од моето искуство слободно можам да кажам дека „Bookstar“ не само што е најдобриот и најсериозен фестивал што се организира кај нас туку на ниво на организација „Bookstar“ е на исто рамниште со едни од најважните фестивали од Европа.

Многу ме радува што оваа година во време кога во Европа беснее војна, а во Иран жените прават револуција, добитничка на наградата „Bookstar 2022“ е нобеловката Светлана Алексиевич за нејзината книга ,,Војната нема женско лице” која иако првично е објавена 1985 г., актуелна е и денеска и за жал ни потврдува дека ништо немаме научено од историјата.

Книгите се твојата природна средина, но кај нас читањето како никогаш да не фатило доволно длабок и широк корен. Има ли литературата денес публика?

– Не би се сложил со ова, слободно можам да кажам дека кај нас и се читаат и се купуваат книги. Особено последните години има еден интересен тренд се формираат групи по социјални мрежи и се споделуваат искуства од прочитаните книги, понекогаш ги следам дискусиите и навистина многу луѓе читаат, особено ме радува што предност секогаш им се дава на македонските писатели.

За пишувањето се вели дека никогаш не е доцна да почнеш, но ти веќе во средината на твоите 30-ти зад себе имаш неколку забележливи дела (некои и наградувани). Дали се сеќаваш кога почна да те интересира пишувањето?

– Некаде во средно почнав да пишувам поезија и подоцна додека студирав книжевност продолжив со пишување. Тогаш бев убеден дека поезијата е мојот жанр, денеска не само што не пишувам повеќе поезија туку и се поретко и читам. Прозате е она во кое се чувствувам најудобно. Но најверојатно никогаш не би почнал да пишувам ако не сакав да читам, јас првин сум читател а потоа писател.

Кај нас одамна нема критика. За англиското издание на мојот роман ,,Страв од варвари” имаше пет осврти, за сите четири мои романи на македонски немало толку. Критиката одамна е мртва.

Велат дека најтешка е онаа средба со празниот лист пред тебе. Што ти значи средбата со белиот лист хартија или „хартија“ на мониторот, имаш ли однапред идеја како ќе почнеш, со каква реченица?

– Јас никогаш не седнувам да пишувам додека целата приказна не ја ,,напишам во глава”. Особено ми се важни почетокот и крајот, а тоа помеѓу секогаш се менува кога ќе почнам да пишувам, впрочем тоа е и една од убавините на пишувањето што никогаш не знаете каде ќе ве однесе.

Имаш ли дневна рутина на пишување, нешто како „работно време“ или пишуваш кампањски, кога ќе те навјаса инспирација?

– Кога сум во процес на создавање тогаш запишувам мали делчиња од кои подоцна излегуваат цели поглавја и тоа најчесто ги запишувам на некое ливче зашто идеите секогаш доаѓаат кога најмалку ги очекувате.

Доста си присутен во јавниот живот, било како учесник на книжевни настани или како публика. Од друга страна, пишувањето е осаменичка работа. Како ги помируваш овие крајности на екстравертност и интровертност?

– Пишувањето бара дисциплина и одрекување од многу работи, затоа кога пишувам тој период не одам по настани, не се дружам со луѓе, не читам книги. Моите први два романи ги напишав на Крит, а сега тоа го правам во Куманово или на некоја од писателските резиденции.

Пишувањето е разголување на интимата, превртување на својата внатрешност нанадвор. Колку човек треба да е храбар или луд или под диктат на некаква егзистенцијална нужност за да го прави тоа?

– Додека пишувам најважно ми е тоа што го пишувам да ми се допадне мене како на читател, никогаш не размислувам што ќе кажат читателите (иако сега од позиција на читан писател по малку и мислам, признавам!), што ќе кажат вашите дома, роднините, пријателите. Ако немате храброст да го напишете тоа што сакате да го напишете тогаш и не треба да се занимавате со пишување. Читателите секогаш знаат да препознат дали сте искрени или не.

Кој прв ги чита твоите редови?

– Постојат неколку колеги писатели на кои им го праќам ракописот и тие ми ги праќаат мене.

Постои ли денес кај нас релевантна книжевна критика и дали со трема ги исчекуваш првите рецензии?

– Кај нас одамна нема критика. За англиското издание на мојот роман ,,Страв од варвари” имаше пет осврти, за сите четири мои романи на македонски немало толку. Критиката одамна е мртва.

Пишувам нов роман кој треба да излезе следната година.

Кои писатели се твојата омилена литаратура, а кои ти оставиле најдлабок впечаток како личности? И дали има совпаѓање?

– Во различни фази од животот ми влијаеле различни книги и автори. На факултетот тоа претежно биле класиците, сега се повеќе сакам да читам и откривам современи автори. Од писателите кои сум ги запознал не можам да издвојам некој посебно, единствено ми е жал што не ја запознав Маргарет Атвуд кога беше во Македонија.

Добитник си и на три награди, за роман на годината на Утриински весник за „Телото во кое треба да се живее“, во 2015 година, Европската награда за литература за романот „Страв од варвари“, 2020 и „Пен преводи“ од Англискииот ПЕН центар. Дали тие ти се повеќе поттик или обврска?

– Кога сте млади наградите се убави и важни како потврда за она што го работите дека сте на вистински пат, а и наградите ви отвараат многу врати, гостувања, преводи… Кога сте стар наградите ви се убави и важни како потврда дека не ве заборавиле.

Што ново пишуваш и кога да очекуваме нова книга од тебе?

– Пишувам нов роман кој треба да излезе следната година.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....