05:36 - 8 април, 2025

„Нема да дојдам на твојата свадба, затоа што ја замислував малку поинаку“: Поминаа 46 години од смртта на Силвана Арменулиќ, големата љубов на Тома Здравковиќ

Силвана Арменулиќ била една од најпознатите пејачки во поранешна Југославија, а на денешен ден во 1976 година таа загина  во страотна сообраќајна несреќа. Нејзината трагична смрт предизвика големо внимание во јавноста, особено поради многуте мистериозни околности што ја следеле.

Според реконструкцијата на несреќата, автомобилот „форд гранада“, во кој пејачката патувала на настап, со брзина од 150 километри на час директно се судрил со камион кој доаѓал од спротивен правец на автопатот Белград-Ниш. Фордот, наводно, во еден момент почнал да скршнува лево, а возачот на камионот подоцна открил дека ги видел фаровите кои брзо му се приближувале, но мислел дека ќе се разминат. Кога сфатил дека тоа нема да се случи, почнал да кочи, но веќе било доцна. Автомобилот од десната страна со огромна сила удрил во камионот, целосно му ги откачил предното десно тркало и полуосовината и влегол под него.

Во каналот покрај патот била пронајдена скршена виолина, а една од мистериите што ги предизвикала смртта на Силвана е тоа што во моментот кога требало веќе одамна да бидат пристигнати во Белград, тие биле само на половина пат.

Со Силвана загинале и нејзината бремена сестра Мирјана и виолинистот Миодраг Раде Јашаревиќ. Силвана имала само 37 години, а несреќата ја погодила цела поранешна Југославија.

Вистинското име на Силвана е Зилха Барјактаревиќ, но на 16 години решила да го земе името Силвана Арменулиќ.

„Кога почнав да пеам по кафеани, го сменив името за да не ги срамам моите родители. Бев средношколка кога се играше филмот “Горчлив ориз”, со Силвана Мангано во главната улога. Тогаш пријателите почнаа да ме викаат Силвана, поради некоја сличност со познатата италијанска актерка. Подоцна решив да го земам тоа име“, раскажала таа во едно интервју.

Некои од најпознатите песни што ги снимила се: „Шта че ми живот без тебе драги“, „Цигане, свирај, свирај“, „Ране моје“, и други. Тома Здравковиќ и ја напишал песната „Шта че ми живот без тебе драги“, која стана еден од нејзините најголеми хитови.

Таа била во брак со тенисерот Радмил Арменулиќ, но и голема љубов на Тома Здравковиќ.

Нејзините песни и денес се слушаат во домовите и кафеаните во сите земји од поранешна Југославија. Помладите генерации имаа можност да дознаат повеќе за нејзиниот живот преку филмот „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ, кој стекна голема популарност по премиерата на минатогодишниот Сараевски филмски фестивал.

„Силвана, нема да дојдам на твојата свадба, затоа што ја замислував малку поинаку“, е реченицата која ги погоди гледачите на филмот, а пејачот ја кажал кога Силвана го поканила на нејзината венчавка.

Слични објави

Сузана Манчиќ била на „подмладување на интимната зона“: Водителката откри детали за третманот

Еспресо

(Фото) Полна куќа: Катарина покажа што прави со децата на Дарко Лазиќ од претходните врски

Еспресо

„Ќe пеам уште неколку години“: Дара Бубамара го шокирала синот со својата одлука за кариерата

Еспресо

(Фото) Ова е сопругот на Ведрана Рудан: Многу е помлад од неа, успешен во бизнисот, сега ѝ е поддршка во борбата со болеста

Еспресо

Оваа пејачка завршила само основно училиште: Не прочитала ниту една книга, а денес е многу популарна

Еспресо

Поранешниот телохранител на Викторија и Дејвид Бекам пронајден мртов во Шпанија

Еспресо