2.8 C
Скопје
18:30 - 20 декември, 2024

НА ДЕНЕШЕН ДЕН НЀ НАПУШТИ ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ ЦАР: Легендарниот Ѓорѓи Колозов

Ѓорѓи Колозов

Македонски цар, господар, чорбаџија, крал, Сонцето – лично, и уште толку восхитувачки и големи улоги ги носеше токму тој – Кралот на Македонските народни приказни, Ѓорѓи Колозов.

Многу генерации пораснаа, но и новите сè уште растат со „чорбаџи Ѓорѓија“ од Македонските народни приказни, а Колозов засекогаш ќе остане запомнет по неговите познати реплики.

Во Скопје во 2003 година почина Ѓорѓи Колозов, еден од најпознатите актери во Македонија. Дипломирал на тогашната Академија за драмска уметност, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во 1973 година.

Ѓорѓи Колозов и Ванчо Петрушевски/Фото: Printscreen/Youtube

По дипломирањето, тој бил во постојан работен однос во Македонскиот народен театар. Неговата популарност беше резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирките народни приказни издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулевски и други.

Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците. При Драмата на Македонскиот народен театар тој оствари позначајни улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Колозов настапи и во повеќе играни филмови, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање“ и други.

Почивај во мир, Царе!

Извор: Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо
Се вчитува....