21.8 C
Скопје
13:19 - 29 септември, 2026

(ФОТО) На андрогениот стил на Брнабиќ можат да ѝ позавидат и машките колеги

Српската премиерка Ана Брнабиќ која е во официјална посета на нашата земја, изјави дека Србија ќе и остане доверлив партнер на Макеодонија во сите предизвици. На средбата со премиерот Димитар Ковачевски, Брнабиќ – освен впечатливата елоквенција – го покажа и својот впечатлив, веќе препознатлив, стил.

Излегува од автомобилот, и – како што е редот, а тоа добро го знаат само политичарите со истенчени манири, го запетлува копчето на сакото, па дури потоа ја подава раката за да се поздрави.

Како и вообичаено за официјални средби, Брнабиќ носеше сако, бела кошула, панталони и рамни унисекс кожени чевли, но не било какви, туку со совршен крој, како скроени по мера. Модниот избор на Ана и овојпат нè потсетува на пионерката на андрогениот стил, Марлен Дитрих. Избор на кој може да ѝ позавидат и сите машки колеги, на кои често во модниот изглед им конкурира, а уште почесто – ги засенува.

Не ретко се зборува за уникатниот стил на Брнабиќ и во српските медиуми, за кои премиерката на Србија своевремено откри дека за купувањето на гардеробата е „задолжена“ нејзината партнерка Милица со која е во врска веќе 12 години.

– Јас не ги знам брендовите, марките. Мене Милица сè ми купува. Навистина не знам – според „јутарњи лист“ рекла Брнабиќ во една телевизиска емисија, каде што и навела дека најмногу сака да слуша музика од 80-те години.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....