25.4 C
Скопје
22:38 - 11 август, 2026

„Нѐ нарекуваа чаирските романтичари поради песните што ги создававме зад зградата“: Џокси се присети на дружбите со Владо Јаневски

Џина Папас Џокси на Фејсбук сподели фотографија со Владо Јаневски и Роберт Саздов и се присети на деновите кога се дружел со нив и кога го викале да биде пејач на групата „Ластовица“

-Нѐ нарекуваа „Чаирските романтичари“ поради песните што ги создававме во тоа време, седејќи на Камчето зад зградата, со гитарите во раце. Тоа беа години исполнети со музика, соништа и искрени пријателства.

Со Владо се запознавме на почетокот од осумдесеттите години. Заедно со Роберт дојдоа кај мене на улица „Крсто Асенов“ бр. 10 и ми понудија да отпеам една нивна песна, која, ако добро се сеќавам, се викаше „Ајша“ или нешто слично.

Со задоволство им излегов во пресрет и песната ја снимивме за потребите на Македонското радио. Сепак, не можев да ја прифатам нивната понуда да станам нивен пејач, бидејќи во тој период заминував од Македонија.

На почетокот од деведесеттите повторно се сретнавме и дружењето продолжи, но веќе во поинакви околности – како колеги на македонската естрада. Владо беше со „Ластовица“, а јас ја градев мојата соло кариера. Во 1995 година дури делевме и иста хотелска соба за време на „Интерфест“ во Битола.

Со текот на времето, кога Владо започна самостојна музичка кариера, како да се променија некои негови животни навики. Стана многу поповлечен, целосно посветен на музиката и кариерата. Тоа му донесе големи успеси и заслужено место на македонската музичка сцена.

Фотографијата што ја споделувам е направена во 2010 година на улица Македонија, заедно со Роберт и Владо. Тоа беше нашата последна средба и последната наша заедничка фотографија.

Почивај во мир, Владо. Ќе останеш запаметен преку твојата музика и спомените што ги остави зад себе – напиша Џокси на Фесјбук.

Слични објави

(Фото) Живкица со авантуристичка приказна за најстариот син, Даријан

Еспресо

Нов пресврт во случајот со Ава Карабатиќ: Откако го обвини свршеникот за насилство, потоа биле видени заедно

Еспресо

(Фото) Николија откри дека се повредила – српската пејачка ги загрижи сите со својата објава

Еспресо

„Докторот ми рече дека вакво срце нема видено“: Јована Јеремиќ се расплака по прегледот кај кардиолог

E.A.

Близнаците од „Некст тајм“ признаа дека имале иста девојка

apostolova

(Фото) Милош Биковиќ одмора во Црна Гора – актерот ужива со синот во погледот на зајдисонце

Еспресо
Се вчитува....