11:40 - 2 ноември, 2026

„Ужасно ја сакам Џејла“: Јаков Јозиновиќ јавно призна колку му значи младата пејачка

Љубовната врска меѓу младиот музичар Јаков Јозиновиќ и пејачката Џејла Рамовиќ продолжува да привлекува внимание во регионот. Иако Џејла е четири години постара од својот избраник, парот не ја крие својата блискост, а Јаков неодамна јавно проговори за своите чувства кон неа.

Во интервју за „Екстра ФМ“, тој призна дека е голем обожавател на Џејла, но истовремено откри и дека би сакал еден ден да снимат заедничка песна.

„Ужасно ја сакам Џејла Рамовиќ и сè што работи. Навистина го ценам нејзиниот труд и многу би сакал да снимам дует со неа“, изјави Јозиновиќ.

Од своја страна, Џејла неодамна во емисијата „Амиџи шоу“ зборуваше за својот партнер и истакна дека секогаш застанува во негова одбрана.

„Јаков едноставно ја има таа харизма и нешто што им се допаѓа на луѓето. Со сите се расправам кога некој ќе почне лошо да зборува за него. Веднаш влегувам во расправија“, рече пејачката, додавајќи дека Јаков носи нешто ново на музичката сцена и дека публиката денес сака поголема блискост со изведувачите.

Пред врската со Јаков Јозиновиќ, Џејла Рамовиќ, според пишувањата на медиумите, беше во врска со Бојан Цветиќанин, пејачот на групата „Џокер Аут“.

Неодамна, во интервју за „Кликс“, таа ги коментираше тие наводи и објасни дека јавноста погрешно го перцепирала неговото учество во еден нејзин музички проект.

„Ајде тоа да го оставиме за некој друг пат. Малку ги измешаа работите. Само му го залепија епитетот дека глумел во спотот, а момчето го напиша сценариото и беше режисер. Сето тоа остана во сенка поради тие наслови. На крајот се сведе само на тоа дека е мојот дечко, а сè друго што беше важно се заборави“, изјави Џејла.

Слични објави

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.

Здравко Чолиќ се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Сите ние почнавме со твоите песни“

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.
Се вчитува....