09:27 - 2 ноември, 2026

Едноставни трикови за избор на најслатка лубеница

Летото е незамисливо без сочна и слатка лубеница, но секоја што ќе ја купите нема да биде навистина зрела. Со неколку едноставни трикови лесно ќе препознаете која вреди да ја ставите во кошничката.

Ако сакате да изберете навистина зрела, сочна и слатка лубеница, не се потпирајте само на изгледот. Неколку едноставни знаци можат да ви помогнат да направите вистински избор.

Првиот и најважен чекор е проценката на лубеницата. Погледнете дали на површината има вдлабнатини, или гребаници или други неправилности. Овие неправилни облици најчесто сигнализираат дека лубеницата цело време не добивала подеднакви количини вода и сончева светлина.

И тежината на лубеницата игра голема улога. Кога лубеницата е зрела, тогаш е и потврда, па затоа е најдобро да одберете неколку лубеници што ви се допаѓаат и кои имаат приближно иста големина, а потоа подигнете ги една по една. Најтешката од нив нека биде вашиот избор.

Исто така постои мислење дека симетричните лубеници се повкусни.

Лубениците што се долгнавести имаат повеќе вода, а округлите се послатки.

И бојата на кората е исклучително важна. Зрелата лубеница треба да има темнозелена боја. Ако кората е сјајна, веројатно лубеницата сè уште не е доволно зрела.

Слатката и зрела лубеница не би требало да има видлив остаток од стеблото, туку само мало дупче кое сиглнализира дека лубеницата сама се одвоила од стеблото.

И на крајот, нежно тропнете по кората на лубеницата и послушајте го звукот. Зрелата лубеница треба да произведе полн, длабок и по малку шуплив звук.

Слични објави

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.
Се вчитува....