08:36 - 7 април, 2026

МОЌНА БИЛКА КОЈА ГИ ПОДОБРУВА МЕМОРИЈАТА И РАСПОЛОЖЕНИЕТО: Шекспир пишувал за ова растение и во Хамлет

Обично го додаваме како зачин во разни јадења или евентуално како додаток во чај, но рузмаринот е многу моќно растение кое на многу начини може да помогне во подобрување на физичкото и менталното здравје.

Бројни студии покажаа дека рузмаринот не е само зачин, туку и суперхрана која има бројни лековити својства, пишува „Mind Body Green“.


Низ историјата, луѓето користеле рузмарин за зајакнување на меморијата. Дури и познатиот Шекспир пишувал за него во Хамлет, „Има рузмарин, за сеќавање; моли се за љубов, запомни!“.

Дури и денес, се смета дека рузмаринот помага во подобрување на меморијата, но некои истражувања покажуваат дека има позитивен ефект врз подобрување на расположението и намалување на стресот.

Го подобрува расположението

Во студија од 2018 година, на глувци во лабораторија изложени под хроничен стрес им бил даден екстракт од рузмарин и откриле дека имаат антидепресивно дејство.

Научниците веруваат дека причината лежи во фактот дека растението има антиинфламаторни својства и помага во ублажување на воспалителните процеси во регионот на мозокот наречен хипокампус, но и во цревата.


Иако сè уште уште постојат истражувања кои се обидуваат да го поврзат здравјето на цревата со здравјето на мозокот, се чини дека доброто расположение, оптимизмот и остриот ум имаат врска со здравиот микробиом.

Рузмаринот влијае на ендоканабиноидниот систем

Тоа е главниот регулаторен систем во нашето тело кој е одговорен за начинот на комуникација на нервните клетки.

Ги регулира процесите како глад, сон, воспаление, стрес, крвен притисок, метаболизам, телесна температура и многу други процеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V I V I A N A (@lowcarb_mariposita)


Рузмаринот содржи соединение кое се врзува за канабиноидните рецептори. Иако сè уштеуште не знаеме како и зошто, се чини дека ова врзување за рецепторите го намалува влијанието на реакцијата на организмот при стрес.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....