06:06 - 10 јануари, 2026

„Многупати сум билa изневерена“: Анџелина Џоли зборува за разводот од Бред Пит и недостатокот на пријатели

Анџелина Џоли даде интервју за списанието „Холивуд репортер“. Во него, таа зборуваше и за нејзиниот личен живот и за нејзината нова актерска улога во филмот „Марија“ – филм за оперската дива Марија Калас.

Во разговор со новинарот, Џоли открива дека живее во Лос Анџелес само затоа што поради разводот од Бред Пит нема друг избор. Таа може да се пресели од овој град кога сите нејзини деца ќе наполнат 18 години.

„Кога имаш големо семејство, сакаш сите да бидат мирни и безбедни и нивната приватност да биде заштитена. Јас имам дом во кој можам да ги одгледувам моите деца, но понекогаш ова место може да биде заморно… Хуманоста што ја видов … патувањето низ светот не е она со што пораснав овде“, сподели актерката.

Таа рече дека планира да помине извесно време во Камбоџа кога нејзините деца ќе станат возрасни.

Актерката, понатаму призна дека практично нема блиски пријатели во нејзиниот живот – оние на кои може да им се јави среде ноќ ако има потреба:

„Можеби тоа е затоа што ја изгубив мајка ми рано, можеби поради работата. Факт е дека сум била изневерена многу пати, немам многу топли, блиски односи на кои би се потпирала, но имам неколку пријатели, и тоа е доволно“.

Според Џоли, таа наишла на ситуации кога пријателите не ѝ дошле на помош ни неа ни на членовите на нејзиното семејство, но сепак во нејзиниот живот има неколку луѓе на кои им верува.

Што се однесува до филмот „Марија“, кој неодамна беше прикажан на филмскиот фестивал во Венеција, Анџелина открила дека можела да глуми во него бидејќи некои од нејзините деца веќе станаа доволно возрасни и независни.

„Веќе не им требам толку многу, па може да ме нема подолго, или можеби можат да дојдат а снимање со мене поради нивната возраст. Ова е ново време во нашите животи. Навистина сум возбудена што гледам како се полека се враќа на место.“ – изјави Џоли.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....