00:55 - 6 ноември, 2026

Венецуелската мис загина во разорниот земјотрес – пронајдена е под урнатините заедно со нејзиното момче

Венецуелската манекенка и кралица на убавината Скарлет Родригез е пронајдена мртва заедно со своето момче Хозе Кастро, откако со денови се водеа како исчезнати по разорните земјотреси што на 24 јуни ја погодија Венецуела, пренесува „People“

Нивната смрт ја потврдија членовите на семејството, со што заврши интензивната потрага во тешко погодениот крајбрежен регион, пишува „Хола!“.

Пронајдени под урнатините на станбена зграда

Според локалните медиуми и изјавите на нивните блиски, Родригез, која ја носеше титулата Мис Гранд Орландо 2025, и нејзиното момче Кастро останале заробени под урнатините на станбената зграда во која живееле, во Катја Ла Мар, во сојузната држава Ла Гваира.

Семејството собира средства за погребот

Ожалостеното семејство ја сподели трагичната вест преку кампања на „GoFundMe“, покрената за да се покријат трошоците за погребот.

„За жал, и двајцата беа пронајдени мртви… еден покрај друг, заедно до самиот крај“, напиша семејството.

Во објавата им се заблагодарија на сите што помогнале во ширењето на информациите и учествувале во потрагата во тешките денови по катастрофата.

Роднините објаснија дека долгата потрага и спасувачката операција создале значителни трошоци, поради што побарале финансиска помош.

Градеше успешна манекенска кариера

Скарлет Родригез имаше 23 години и неодамна стана препознатлива по освојувањето на титулата Мис Гранд Орландо 2025. Родена во Венецуела, таа градеше успешна манекенска кариера, но остана силно поврзана со својата татковина.

Иако се натпреваруваше и за титулата Мис Гранд Флорида, која не ја освои, благодарение на својата посветеност стана препознатливо лице во светот на изборите за убавина.

Организаторите на изборите за убавина се простија од неа

По потврдата за нејзината смрт, организациите „Мис Гранд Флорида“ и „Мис Гранд Интернешнл“ ѝ оддадоа почит на социјалните мрежи, опишувајќи ја како „скапоцен дел од семејството Гранд“.

Од „Мис Гранд Интернешнл“ изразија сочувство до семејството Родригез и до сите што се погодени од оваа трагедија.

„Ќе ја паметиме не само по нејзината убавина и успеси, туку и по начинот на кој ги инспирираше и поддржуваше другите, како и по достоинството и ведриот дух со кои чекореше низ животот“, напишаа од организацијата.

„Нејзиното наследство ќе продолжи да живее во срцата на нејзините колешки, членовите на жирито, директорите и сите членови на семејството на „Мис Гранд Флорида“.

Слични објави

Виктор Живојиновиќ непрепознатлив – oбјави фотографија со Бренa кога имал повеќе од 100 килограми

Еспресо

(Фото) Српската манекенка која имаше 60 отсто изгореници на телото од страшната несреќа, сега го покажа лицето со модринки

Еспресо

(Фото) Убавата Србинка се омажи за милијадер од Блискиот Исток, па ја напушти Сремска Митровица: Аника го маѓепса Египет со проѕирниот фустан со кристали

К. А.

(Фото) Цеце Николова во впечатливо црно издание на свадба — Лоба ѝ порача дека е „вистински феникс“

К.С.

(Видео) Ќерката на Гоца Тржан го украде вниманието на концертот на мајка си: Лена воодушеви со модната комбинација

apostolova

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.
Се вчитува....