18:57 - 4 ноември, 2026

Мис Црна Гора со коефициент на интелигенција 135, стана членка на Менса

Мис Црна Гора, Андреа Николиќ, објави дека станала членка на Менса Црна Гора, откако на тестирањето на интелигенцијата постигнала коефициент 135. Со овој резултат, таа се вбројува меѓу помалку од еден процент од светската популација. Веста за својот успех ја сподели на социјалните мрежи.

„Од денес сум официјално членка на Менса! По направеното тестирање во Менса, го исполнив условот за членство и се вброив меѓу помалку од еден процент од светската популација. Со тоа станав првата Мис на Црна Гора која се зачленила во Менса“, истакна таа.

Таа нагласи дека членството во Менса претставува голема чест и привилегија, имајќи предвид дека станува збор за организација со светски углед, која обединува луѓе со исклучителни способности.

„Неописливо сум горда што покажав дека со труд и посветеност стереотипите можат лесно да се надминат“, напиша таа во објавата. Нејзините следбеници ја преплавија со честитки и позитивни коментари.

Во неодамнешно интервју, Андреа Николиќ истакна дека физичката убавина и титулата не треба да се сметаат како вистинска вредност на една девојка.

„Имам впечаток дека зад титулите често се кријат луѓе кои немаат вистински квалитети и добри манири, а тоа може да се забележи и во академските кругови. Такви појави има и на раководни позиции во државните институции. Затоа е важно девојката која се пријавува на избор за мис да биде свесна, самоуверена и зрела, и да го направи тоа од љубов кон својата земја и со желба достојно да ја претстави во светот, како нејзин дипломат и амбасадор“, изјави таа.

Годинешниот избор за Мис на Црна Гора ќе се одржи утре во Бечиќи, каде што Андреа Николиќ ќе ѝ ја предаде круната на новата победничка.

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....