18:09 - 4 ноември, 2026

Актерката од „Американска пита“ заработила милион долари на Онлифанс за само една недела

Шенон Елизабет, позната по улогата во „Американска питс“ заработи речиси милион долари за само една недела кариера на Онлифанс, пренесува „Пејџ сикс“.

„Повеќе од половина од тоа е заработено преку директни пораки со корисниците на Онлифанс, додека остатокот доаѓа од совети и објави“, открил изворот.

Претставник на актерката рекол дека Елизабет планира да искористи дел од заработката за својата добротворна организација, Фондацијата Шенон Елизабет, како и дека планира да организира гала вечера во Лас Вегас ова лето.

„Таа секогаш работи и навистина сака да комуницира со своите обожаватели“, истакнал претставникот.

Елизабет претходно овој месец објавила дека се приклучува на Онлифанс, еден ден откако тајно поднела барање за развод од сопругот Сајмон Борхерт.

„Разводот е свеж. Таа е слободна и утре наутро го лансира својот Онлифанс“, изјавил извор претходно за странските медиуми.

Актерката подоцна објаснила дека таа и нејзиниот поранешен сопруг се разделиле минатиот септември.

„Се чувствувам посилна, побистра и посреќна отколку што се чувствував подолго време“, изјавила таа за „ЈуЕсВикли“.

Инаку, Елизабет и Борхерт се венчаа во 2021 година, шест години откако се запознаа.

Елизабет неодамна рекла дека се приклучила на Онлифанс за повторно да се поврзе со обожавателите.

„Повторното поврзување со обожавателите преку настапи ме потсети колку ми значеше нивната поддршка во текот на целата кариера и колку ми недостигаше таа енергија. Онлифанс ми дава можност да им понудам нешто повеќе – поглед зад кулисите, нефилтриран поглед на мојот живот и вистинска врска што ниедна друга платформа не ја дозволува. Тука исто така ќе споделувам ексклузивна содржина којашто едноставно нема да ја најдете никаде на друго место. Ова не е само содржина што ја гледате од далеку. Ова е за луѓето кои отсекогаш биле тука за мене и сакам тие да го почувствуваат тоа“, рекла актерката.

Слични објави

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо
Се вчитува....