9.8 C
Скопје
15:03 - 31 март, 2026

Мира Бањац: „Од Мето Јовановски ги научив најубавите македонски песни“

Ден по смртта на Жарко Лаушевиќ, на 16 ноември, во Скопје почина Мето Јовановски, великанот на македонскиот и југословенски театар, а заминувањето на двајцата бардови од овој свет ја растажи културната јавност во целиот регион, кои се простуваат од нив со голема тага.

И во децениите по распадот на Југославија, Јовановски продолжи да игра на сцените на поранешните југословенски републики,  да снима филмови и серии и да го продолжи културниот концепт на поранешната заедничка земја во најпосветена смисла.

По смртта на Јовановски, се огласи и неговата колешка Мира Бањац.

„Пред десет години го снимавме прекрасниот филм „Кад сване дан“ на Горан Паскаљевиќ, Мето имаше улога таму, и беше магично, како и секогаш. Имаше таква актерска магија и можеше да ја шармира публиката и на филм и во театар, затоа и толку многу играше надвор од Македонија“, вели Бањац.

„Мето беше господин, беше радосен човек, весел, така го паметам, сакаше да пее. Навистина не работевме многу заедно, но се среќававме во некои прилики, на фестивали. Од него ги научив едни од најубавите македонски песни“, додава таа за Србија данас.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....