Милиќ Вукашиновиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со објава на социјалните мрежи, овојпат со остри зборови упатени кон Горан Бреговиќ.
Музичарот објави стара фотографија од периодот кога соработувале, но споменот на некогашните денови набрзо прерасна во жестока критика на сметка на неговиот поранешен соработник.
View this post on Instagram
Вукашиновиќ се потсетил на времето кога, според неговите зборови, на Бреговиќ на прво место му биле квалитетот на музиката и добросостојбата на членовите на групата.
Но, тој смета дека работите подоцна значително се промениле.
„Она кога на Бреговиќ приоритет му беа квалитетот на свирката и добросостојбата на членовите на групата, пред да стане мала селска измамничка, кога својот лимен оркестар за свадби и погреби го најавуваше како групата Бијело дугме“, напиша Вукашиновиќ покрај фотографијата.
Објавата веднаш предизвика реакции кај неговите следбеници и привлече внимание во јавноста.
Ова не е првпат Вукашиновиќ во последно време јавно да зборува за својот однос со некогашниот соработник.
Неодамна тој коментираше и за гласините дека за ангажирањето на нов пејач на групата Бијело дугме наводно биле издвоени дури 250.000 евра.
Вукашиновиќ веднаш ги отфрли таквите тврдења, велејќи дека не верува во таа приказна.
„Прво, 250.000 евра Бреговиќ да му даде на некој пејач… тоа е невозможно. По тоа веднаш се гледа дека е лага. Тој не плаќа ни кафе, а камоли 250.000 евра“, изјавил Вукашиновиќ.
Музичарот без воздржување зборувал и за односот на Бреговиќ кон парите.
Тој тврди дека неговиот поранешен колега ги сака парите и постојано го зголемува своето богатство, но не сака да го троши.
„Зашто, ако почне да се намалува, има чувство како живи да му ги вадат бубрезите“, рекол Вукашиновиќ.
Тој воедно нагласил дека не би прифатил да настапи со Бреговиќ дури и доколку за тоа му бидат понудени 250.000 евра.
Според Вукашиновиќ, Бреговиќ „се покажал како глушец“, а тој повеќе не сака ниту да се сретне со него.
