19:07 - 1 ноември, 2026

Милан Станковиќ лиеше солзи за хрватскиот претставник на Евровизија: Пејачот не можеше да си дојде при себе!

Младата музичка ѕвезда Марко Бошњак оваа година ќе ја претставува Хрватска на Евровизија 2025, а јавноста сè уште го памети како победник на шоуто „Ѕвездичките на Пинк“, каде што со својот моќен настап предизвика солзи кај Милан Станковиќ, тогашен член на жирито.

Бошњак, кој е роден на 11 јануари 2004 година во Босна и Херцеговина, веќе како дете покажа неверојатен талент. Неговиот емотивен настап во музичкото шоу толку многу ги трогна судиите што и Леонтина, Милан Станковиќ и Јелена Томашевиќ не можеа да ги задржат солзите.

„Би сакала да ги запознаам твоите родители за да ги прашам дали се свесни што имаат во својот дом. Ти си вистински гениј“, изјави тогаш Леонтина.

„Мислам дека бевме сведоци на едно чудо. Твојот настап беше толку моќен, а ти си неверојатно силен изведувач. Тоа нема врска со твоите години, туку со твојот глас“, кажа низ солзи Милан Станковиќ.

Јелена Томашевиќ, исто така видно потресена, додаде: „Ова е чиста божествена енергија што ни ја пренесе.

Слични објави

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.
Се вчитува....