7.8 C
Скопје
23:34 - 31 март, 2026

Милан Лаќа Радуловиќ само еден месец пред смртта напиша текст со кој се прости: „Куферите ми стануваат тешки…“

Синот на покојната текстописец Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Радуловиќ Фута, вчера беше погребан на Новите гробишта во Белградм во семејната гробница, каде почиваат неговата мајка Марина и братот Милош.

Неколку недели пред неговата смрт, Лаќа опиша како се справил со загубата на мајка си:

„Почнав да патувам за да избегам од реалноста во која што неа повеќе ја нема. Сè станува бесмислено со нејзиното отсуство. Секогаш кога светот станува досаден, ги пакувам куферите и тргнувам на пат. Бегам од смртта и се уште не сум се вратил“, напишал Лаќа.

„Таа ме чекаше да се вратам и потоа се предаде. Потоа ми го упати тој поглед, последниот, пред да се разделиме засекогаш. Оној поглед  – и што сега?
Помина една година и повеќе од еден месец откако тој поглед не ме напушта и се уште се прашувам – и што сега? За време на таа една година патувања, или бегање од одговорот на тоа прашање, имаше многу заминувања: Стокхолм, Тел Авив, Ерусалим, Дивчибаре, Фрушка гора, Сараево… Секогаш ќе има дестинации, но јас полека станувам уморен од тоа. Куферите стануваат тешки, а неа ја нема да ме спакува…“, напиша Милан Радуловиќ Лаќа пред само еден месец.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....