17:59 - 10 ноември, 2026

Еве што се крие зад скапоцениот прстен со кој се пофали Шер

Блискиот круг на Шер ги коментираше гласините за нејзината свршувачка со музичкиот продуцент Александар Едвардс, кој е 40 години помлад од неа. Ова го пренесува Hollywood Life повикувајќи се на извор близок до пејачката.

Пред неколку дена 76-годишната Шер предизвика гласини за свршувачка со 36-годишниот Александар Едвардс.

Пејачката на Твитер објави фотографија од скапоцен прстенот на која пишуваше: „Немам зборови, Александар“.

Сепак, блиските на пејачката уверуваат дека таа не добила предлог за брак, а прстенот со кој таа се пофали на социјалните мрежи е „подарок од срце“.

„Александар Едвардс и Шер не се свршени. Сакаше да ѝ покаже колку ја цени. Тој верува дека таа го заслужува целиот свет“, ја цитираат новинарите изјавата на инсајдерот.

Инстаграм

Првите гласини за романсата на Шер и Александар Едвардс се појавија на почетокот на ноември. Пејачката брзо ги потврди гласините, објавувајќи пост на Твитер. „Љубовта не знае математика. Јас не бранам нас. Хејтерите ќе мразат… Не е важно, затоа што сме среќни и никому не му пречиме. И не грижете се, јас сум заљубена, но не ме заслепува тоа“, напиша тогаш Шер.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....