7.8 C
Скопје
04:04 - 30 март, 2026

Меган Маркл одбила да ја посети Кејт Мидлтон: Понуда за помирување

Меган Маркл го одби важното барање на Кејт Мидлтон, пренесува Мирор.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги поканиле Меган Маркл и принцот Хари во Велика Британија, пренесува Мирор. Оваа покана била со цел да се обидат да ги подобрат односите. Тие ги поканиле војводите од Сасекс во Велика Британија заедно со децата, за да се помират и да комуницираат со нивните три деца. Сепак, се дознава дека принцот Хари и Меган Маркл наводно ја одбиле понудата.

„Меган нема да може да ги донесе своите деца во Велика Британија. Вилијам и Кејт ги поканија Меган и Хари да дојдат со нивниот син и ќерка за да се обидат да се помират. Но, овој предлог досега не е прифатен“, вели кралскиот експерт Том Квин.

На 22 март, Кејт Мидлтон соопшти дека моментално ги поминува раните фази на превентивна хемотерапија. Таа изјавила дека ракот бил откриен при тестови направени по операција на абдоменот. Подоцна, британските медиуми пишуваа дека принцот Хари и Меган Маркл дознале за болеста на Кејт Мидлтон преку телевизија.

Принцот Хари се очекува да се појави на 8 мај во Лондон, по повод 10-годишнината од Игрите Инвитус. Сепак, се уште не е познато дали Меган Маркл ќе присуствува на настанот.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....