04:25 - 23 октомври, 2026

(Видео) Меган Маркл: „Ме фрлија на волците да ме јадат“ – се жали во новите серии од документарецот

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, во новиот трејлер за документарната серија која се емитува на Нетфликс откри дека „ја оставиле волци да ја јадат“ додека живеела во Велика Британија, пренесува Дејли меил.

„Не бев само дадене на волците, туку бев фрлена на волците“, вели Меган Маркл во една од епизодите кои ќе се емитуваат, според најавата на трејлерот посветен на трите нови епизоди.

Снимките во трејлерот покажуваат купишта весници и наслови посветени на парот, од кои гледачот може да заклучи дека се волците се всушност новинарите, но не е објавено кого точно Меган Маркл нарекува волци.

Во истиот трејлер војвотката се жали на недостаток на безбедност.

„Нашето обезбедување беше повлечено. Сите во светот знаеја каде сме“, се пожали таа.

Принцот Хари, пак, вели: „Тие беа среќни што лажеа за да го заштитат мојот брат. И никогаш не сакаа да ја кажат вистината за да ме заштитат“.

За кого зборува синот на кралот Чарлс III, сепак, не е јасно.

Сепак, принцот Хари вели дека не знае што би можело да се случи доколку тој и неговата сопруга не ја напуштале Велика Британија.

(Видео) Што содржат следните епизоди на документарецот „Хари и Меган“: Еве како изгледала приватната свадбена забава полна со ВИП личности, Хари и Меган „лудо“ танцувале на подиумот

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....