4.8 C
Скопје
03:14 - 18 февруари, 2026

Меган Маркл е бесна на Хари поради исклучување од холивудските покани: „Поради твоите мемоари не нè канат на црвениот тепих“

Добро е познато дека „Резерва“, мемоарите на Хари, предизвика незадоволство од многу страни, но сега кога вревата поврзани со објавувањето на книгата се веќе минато, почнуваат да се појавуваат неочекувани детали за наводните тензии меѓу принцот и неговата сопруга Меган Маркл, токму поради книгата.

Според некои гласини објавени од страна на британскиот портал Page Six, по објавувањето на Spare популарноста на војводите од Сасекс не паднала само во Обединетото Кралство, туку и во Америка, а оние кои Меган ги сметаше за пријатели веќе се оддалечија од парот и ефикасно ги изолираа.

Две, барем навидум, најважни последици од мемоарите се: исклучување од црвениот тепих на Оскарите и, што е уште посериозно, од оној на Мет Гала, на 1 мај.

Најважниот настан на њујоршката пролет тотално ги отфрлил војводите од Сасекс, предизвикувајќи голем бес кај Маркл.

Останува уште повеќе од еден месец и, за сега, сè уште не е јасно дали Хари и Меган навистина нема да ја добијат толку посакуваната покана за настанот Мет Гала на кој во последните години присуствуваа неколку членови на бројни кралски семејства (од Беатрис од Јорк до Шарлот Казираги), а на овој настан во минатото присуствувала и Лејди Дијана.

Вината, според Џордан Џејмс, ПР на разни познати личности, е токму во тензиите меѓу парот и Палатата Виндзор.

„Можно е тековниот јаз на двојката со кралското семејство да ги направи случувањата во иднина уште потешки за справување“, изјави тој за британски Експрес. На ова се надоврзува и фактот што само неколку дена по Мет Гала, на 6 мај, ќе се одржи крунисувањето на Чарлс III: на почетокот на месецот ситуацијата би можела да се вжешти, особено ако војводите од Сасекс решат да ја одбијат поканата од Лондон.

Во пресрет на последните гласини, отсуството од јавноста на поранешната актерка во деновите по објавувањето на книгата добива сосема поинакво значење. Најпрво се мислеше дека сака да се тргне на страна, да му ја препушти целата сцена на сопругот. Избор кој несомнено е ценет и доследен на ситуацијата. „Резерва“ навистина кажува многу за нив, но пред сè кажува нешто друго – јазот помеѓу Хари и неговиот брат Вилијам, кој и денес останува непоправлив. Сега, сепак, наводните тензии меѓу Меган и Хари се тие што ја поттикнуваат можноста за некаков разговор на браќата и евентуално помирување. Зашто животот во Холивуд не е толку розов. По „сиромаштијата“ (војводите од Сасекс се најмалку богати во Монтесито и тешко живеат таму) и маргинализација, можна е промена на плановите. Па, можеби, конечно Хари и Меган ќе сфатат дека не беше толку лошо да се биде кралски член….

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо
Се вчитува....