2.8 C
Скопје
08:15 - 6 март, 2026

Меган и Хари пак ќе кажат ДА (овојпат во Америка), еве ја листата на гости и кој не е поканет?

Откако ја прославија четвртата годишнина од бракот во мај, Меган Маркл и принцот Хари се подготвуваат повторно да кажат „да“, но овој пат тоа ќе биде во САД.

И покрај успехот на нивната прва венчавка – настан од 32 милиони фунти што го гледаа 1,9 милијарди луѓе – Меган нема желба да ја повтори венчавката на британска почва.
Војводата и војвотката од Сасекс планираат да ги обноват своите завети на „церемонија на будење во Америка“ и сакаат секој аспект од тоа да се разликува од нивната кралска венчавка во замокот Виндзор. Ова, тврдат нивните пријатели, е нешто на што се надеваат уште од почетокот на нивниот нов живот во САД. но првичните планови пропаднаа поради пандемијата.

Причината за одложување на втората венчавка се претпоставува дека била прославата на платинестиот јубилеј на бабата на Хари, кралицата Елизабета, зашто таму не сакале да го украдат вниманието и да го пренасочат на нив.

Веќе е познато дека на списокот на гости ќе се најде и мајката на Меган, Дорија, воедно и единствениот член на семејството близок на Маркл. Хари и Меган ќе ги поканат и блиските американски пријатели актерката Кетрин Фостер и нејзиниот сопруг Дејвид Фостер, продуцент и музичар, исто така актерката Џенин Гаванкар, веројатно Пријанка и Ник Џонас. Не сметаат на претставници на британското кралско семејство!

Тие планирале да напишат завети за нивните деца Арчи (3) и Лилибет (1) и настанот да го претворат во голем семеен одмор, кој всушност ќе биде нивниот втор меден месец.

Засега е познато и дека венчавката нема да се одржи во нивната луксузна вила, наместо тоа решиле да ја одржат некаде „каде што е порурално, природно, но сепак и подеднакво гламурозно“. Хари навива за Џексон Хол во Ајдахо, островите во близина на брегот на Флорида и Мејн.
Пријателите кои ќе присуствуваат на венчавката велат дека Хари „секогаш ќе ја почитува и ќе има посебен афинитет кон земјата на раѓање“, дека тој и Меган Маркл „го чуваат споменот на нивната венчавка во Велика Британија и покрај драмите што ја засенија“.

Инаку, принцот Хари ја чека промоцијата на своја автобиографија по втората венчавка.

Слични објави

Дневен хороскоп за 6 март: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Ѕвездите ви шепотат: Вашиот астроводич за совршен викенд

Еспресо

Секојдневие без монотонија: 5 начини да внесете радост во вашиот живот

Еспресо

Виктор Живојиновиќ објави ретка фотографија: Погледнете го природниот изглед на Лепа Брена

E.A.

Животната приказна на Оливера Катарина, југословенската дива пред која клекнал дури и Салвадор Дали

Еспресо

„Во болница одам кога имам црни мисли“: Пејачот откри како заработува иако не настапува повеќе години

E.A.
Се вчитува....