5.8 C
Скопје
03:26 - 1 април, 2026

Маск ги исмеваше отказите на вработените во Твитер: „генијалци со голем талент“

Илон Маск на Твитер се потсмеваше со отпуштањето на 20 вработени од компанијата.

Новиот шеф на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск, ја потврди информацијата дека отпуштил неколку вработени во компанијата кои го критикувале во објавите и во работните разговори на Slack. Милијардерот во објава на Твитер ги исмеа поранешните вработени.

„Би сакал да се извинам што ги отпуштив овие генијалци. Нивниот огромен талент без сомнение ќе ни се најде на друго место“, напиша Маск.

Еден од првите што ја објави веста за бизнисменот беше новинарот Кејси Њутн. Според него, истовремено биле отпуштени околу 20 вработени на Твитер.

Според Њутн, секој од вработените добил известување за отказ по електронска пошта. „Со жалење ве известуваме дека работниот однос ви е веднаш прекинат. Вашето неодамнешно однесување ја прекрши политиката на компанијата“.

Новинарот истакна дека во Твитер, пред Маск, имало слобода да се критикуваат постапки на компанијата, но откако Маск почнал да ја води социјалната мрежа, се смениле внатрешните барања за однесувањето на вработените.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....