11.8 C
Скопје
16:24 - 30 март, 2026

Марија Шерифовиќ за воспитувањето на децата: „Татковците ја изгубија својата улога во семејството“

Instagram

Пејачката Марија Шерифовиќ денес се огласи на социјалната мрежа Инстаграм со необично прашање за своите следбеници на Инстаграм.

– Ајде за почеток на неделата, малку балканско-родителска анкета: Дали ќотекот излегол од рајот? – праша познатата дама.

Неодамна имаше случај каде што ќерка го тужеше својот татко затоа што ја удрил, и тој случај чека епилог. Целата ситуација ја наведе Марија Шерифовиќ да разговара за оваа тема со своите следбеници.

Судејќи според гласањето, 68 проценти се за „секако дека е од рајот“, а 32 проценти се за „секако не“.

Потоа, Шерифовиќ сподели видео во кое истакнува: „Непопуларна психологија: љубов, воспитување, цврста рака и карактер“. Каде еден корисник на Инстаграм истакнува дека во модерното време се става голем акцент на правата на децата и дека таткото ја изгубил својата улога во семејството.

Очигледно, пејачката е апсолутно за методот на воспитување „ќотекот е од рајот“.

Патем, Марија еднаш истакна дека најзначајното нешто што го постигнала во животот е нејзиниот син Марио.

– Кога го започнав ова патување пред 20 години, бев позната како ќерка на Верица Шерифовиќ. Се чини дека сум правела секакви добри работи, па денес таа е горда мајка на Марија Шерифовиќ – напиша Марија.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....