7.8 C
Скопје
19:25 - 1 април, 2026

Мало трикче за магија во домот: Еве како вештачката елка да ја направите миризлива

Повеќето кај нас украсуваат вештачка новогодишна елка, но постојат и оние кои преферираат природна.

Доколку веќе сте накитиле вештачка елка, а сакате да ја почувствувате магијата на мирисот на вистинската елка, ви нудиме еден едноставен трик.

Се што ви е потребно се неколку мали шишарки и неколку капки етерично масло.

Земете ги шишарките и на нив ставете неколку капки етерично масло од бор или чемпрес.

Вашиот дом веднаш ќе замириса на природа, на свежина, а ваквиот мирис поволно ќе влијае и на вашите бели дробови и здравјето.

Имено, докажано е дека мирисот од етеричното масло од чемпрес и бор релаксира и освежува.

Покрај тоа, ова ќе ви дојде како вистинска ароматерапија, која може да ви помогне и при бронхитис, грип, воспаление на грлото, синусите и проблеми со дишењето.

Уживајте во пријатниот мирис!

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....