21.8 C
Скопје
13:29 - 29 септември, 2026

Малкумина го знаат ова: Со што се занимавала Емина Јаховиќ пред музичката кариера?

Денес е една од најпознатите пејачки на балканската музичка сцена, но пред да го освои регионот со своите хитови, Емина Јаховиќ се занимавала со сосема поинаква работа.

Интересен детаљ од нејзините почетоци неодамна откри нејзината колешка Елма Синановиќ, која потекнува од истиот град како и Емина – Нови Пазар.

Според Елма, Емина во младоста работела како водителка на временска прогноза на локална телевизија.

„Емина беше најубавата водителка на временска прогноза што некогаш сум ја видела на која било телевизија. Беше како бомбонче. Но, тоа кратко време ѝ беше интересно. Отсекогаш сакаше да пее“, раскажала Елма.

Таа открила и дека во периодот кога Емина ги правела првите чекори во музиката, ѝ дала совет да соработува со прославениот кантавтор Дино Мерлин.

„Им реков да не бараат други автори, туку да одат кај Дино Мерлин и да инвестираат во добра музика. Ме послушаа и таа уште на почетокот направи вистински потег“, изјавила Синановиќ.

И самата Емина во повеќе наврати со носталгија зборувала за деновите поминати во медиумите.

„Со задоволство се сеќавам на тинејџерските денови. Уживав во периодот кога работев на телевизија и радио. Тогаш првпат ја покажав својата креативна слобода, која подоцна ме насочи кон музиката и јавниот живот“, изјавила пејачката.

Во меѓувреме, Јаховиќ изгради успешна музичка кариера и стана едно од најпрепознатливите имиња на регионалната сцена.

Пејачката неодамна се осврна и на долгогодишните шпекулации за естетски интервенции, нагласувајќи дека единствената операција што ја направила била на носот, по повреда што ја доживеала како тинејџерка.

„Во животот немам направено ниту една пластична операција, освен операцијата на носот, кој првпат го скршив на 14 години. Поради развојот на коските морав да почекам, па операцијата ја направив на 21 година“, напишала таа на социјалните мрежи.

Таа тогаш додала и дека нејзините усни се целосно природни, ставајќи крај на бројните нагаѓања што со години ја следат во јавноста.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....