04:43 - 12 март, 2026

Малку поинаква салата со туна за пеколен летен ден

туна салата рецепт

Оваа салата е совршен избор за пеколните летни денови, бидејќи имате спремен ручек за кратко време кој не треба да го готвите.

Потребни состојки:

– 120 мл вински оцет
– 1 лажица шеќер
– 2 лажички сол
– црн пипер
– 1 црвен кромид, излупен, преполовен и тенко исечен
– 3 краставици, исечени на тенки кругови
– 2 млади кромитчиња, тенко исечени
– 2 лимони
– туна конзерва
– 1 авокадо, излупено и исечено на коцки
– грст лисја босилек, магдонос, нане, измиени и искинати
– 3 лажици екстра-девствено маслиново масло

Подготовка:

-Во чиста стаклена тегла измешајте оцет, шеќер и 1 лажичка сол со 120мл топла вода. Мешајте додека не се раствори шеќерот. Зовријте вода во тенџере и додадете го кромидот. Оставете да отстои само неколку секунди во топлата вода, исцедете го добро и ставете го кромидот во теглата со оцет. Киселиот кромид ќе биде пспремен за еден час, или може да се подготви однапред и да се чува во фрижидер до една недела.

-Во голем сад наросете ги краставицита и младиот кромид со солта и сокот од лимон. Зеленчукот треба да биде прилично влажен. Истурете го во длабока чинија за сервирање или широк сад, заедно со дополнителна течност на дното од садот.

-Истурете го маслото од туната и расцепкајте ја во парчиња со големина на залак, во сега празниот сад за мешање. Додадете авокадо, 3 лажици кисел црвен кромид и 1 лажица од киселината во теглата, и нежно измешајте. Положете ја смесата од краставици и зачинете со сол и црн пипер. Може да додадете и свежи билки и обилно зачинете со маслиново масло.

Извор: „NYT Cooking“

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....