2.8 C
Скопје
02:13 - 6 февруари, 2026

МАКФЕСТ 2021: Калина Велковска – Кали со песната „4“ влезе во големото финале

Вчера вечер започна триесет и шестото издание на Фестивалот на музика „Макфест“, на отворената сцена поставена во спортско-рекреативниот центар „Аква бела ресорт“ во Штип. Честа да го отвори овогодинешното издание и припадна на прекрасната Калина Велковска – Кали.

Шармантната Калина Велковска – Кали, која веќе долги години е на музичката сцена, оваа година реши да се претстави и на Макфестовската сцена, со една многу поинаква музичка нота. Покрај настапите кои ги има досега, како на светското талент шоу „The Voice“, дел од евровизиските тимови и дел од многу различни концерти, оваа година Калина за свој музички предизвик го зема претставувањето на „Макфест 2021“.

„4“ е уникатна композиција со лична нотна приказна, која буди емоции. Музиката и текстот на песната се дело на Сара Мејс, додека пак аранжманот и аудио продукцијата се на Иван Петровски, а режијата му беше препуштена на Зоран Зонде Стојановски.

Пасијата кон музиката и соживувањето со секоја една нота, ја прави Калина уникатна во нејзините изведби. Енергијата која Калина ја пренесе на овогодинешното издание на „Макфест“ е незаменлива и посебна. Според неа, кога некој прави музика, мора секогаш да бара нови начини како тоа совршено да го сподели со светот.

Калина Велковска – Кали со својата композиција „4“ ги маѓепса жирито и публиката и успеа да се пласира во финалната вечер на „Макфест 2021“, на која ќе се натпреварува за првото место.

Еуфоријата и желбата за победа сега се поголеми, а наше е да ја бодриме и вечерва талентираната Калина, која ќе се натпреварува со сите финалисти, и да и помогнеме да го постигне максимумот.

 

Слични објави

Маријана Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

E.A.

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....