09:24 - 19 ноември, 2026

Македонецот Мите и ќерката на Џеј под водство на Фута формираа „Џеј трибјут бенд“: „Изненаден сум што сум дел од овој тим“

Како што ексклузивно дознава Телеграф.рс, познатиот композитор Александар Радуловиќ Фута основал „Џеј трибјут бенд“ во чест на починатиот пејач Џеј Рамадановски, кој веќе е подготвен да започне со настапи, а кој ќе ги изведува исклучиво хитовите на легендарниот уметник од Дорчол, потпишани од него и неговата сопруга, неприкосновената хитмејкерка – починатата Марина Туцаковиќ.

фото Милета Мирчетиќ, српски Телеграф

Членови на бендот се помладата ќерка на Џеј, Марија Рамадановски, 25 години најдобриот пријател на Џеј, Зоран Јагодиќ Руле, како и македонскиот пејач Мите Стоилков, кој сега открива како се чувствува за тоа.

Мите, како реагираше кога те повика Фута?
– Пред се, морам да кажам дека е чисто задоволство да се биде овде денес, благодарение на господинот Александар Радуловиќ Фута и на целиот тим. Затоа, навистина сум изненаден што сум дел од овој тим. Сепак, Џеј имаше свој стил, така што ова е голема одговорност.

Која е одговорноста, дали имате страв од сцената?
– Имам нервоза и голема одговорност. Но, за мене е голема чест да ги пеам неговите песни на настапи. Едноставно, тој секогаш живее со нас, вели Македонецот за српски Телеграф.

(Фото) Ќерките на Џеј Рамадановски пристигнаа на настанот организиран во негова чест: Убавата Марија блеска во бременоста

 

Слични објави

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо
Се вчитува....