18:47 - 11 ноември, 2026

Мајката на Брус Вилис стравува дека актерот веќе не ја препознава: „Забавени движења, станува сè поагресивен“

Марлен Вилис откри како комуницира со нејзиниот син по неговата дијагноза.

Мајката на Брус Вилис, Марлен Вилис, се доверила на роднина како болеста на филмската ѕвезда влијае на неговиот живот и на начинот на кој тој се однесува со светот околу него.

„Таа не е сигурна дали нејзиниот син сè уште ја препознава“, објасни Вилфрид Глием, братучед на мајката на Вилис, во интервју за Билд.

„Неговото однесување е многу забавено, секогаш има мала агресивност и веќе не може да се води нормален разговор со него“.

„Иако ваквото однесување е вообичаено за неговата клиничка состојба“, додава тој.

Глием рече и дека Марлен многу страда поради нејзините внуки, но уверена е дека семејството ќе успее да го преброди овој тежок период заедно.

Сегашната сопруга на Вилис, Ема Хеминг, неговата поранешна сопруга Деми Мур и петте ќерки на актерот, вклучувајќи ги и поголемите (од бракот со Мур) Румер, Скаут и Талула, детално го опишаа тешкото време низ кое тој минува на 68-годишна возраст.

инстаграм

Здравствената состојба на Вилис, за жал секојдневно се влошува.

На 19 март тој го прослави 68 роденден. Неговата сопруга Ема, за роденденот, не сакаше да ги крие тешкотиите во моментот што го доживуваат:

„Понекогаш во животот мораме да ги облечеме алиштата на возрасните и да се соочиме со тоа. Тоа е она што го правам. Но, секој ден имам моменти на тага и болка, а тоа го чувствувам и денес на неговиот роденден“, напиша таа на Инстаграм, објаснувајќи и дека во моментов нема лек за болеста на нејзиниот сопруг, но дека има надежи за иднината. „Како што напредува состојбата на Брус, се надеваме дека вниманието на социјалните мрежи може да донесе јасност за оваа болест на која и треба повеќе истражување и свесност“.

Слични објави

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо
Се вчитува....