7.8 C
Скопје
22:36 - 31 март, 2026

Маестралните Влатко Стефановски и „Танец“ утре на концерт во Белград

Влатко Стефановски и „Танец“, двата најпознати македонски музички бренда утре ќе одржат концерт во Белград во 20 часот.

Влатко Стефановски е стар пријател наТанец, кој во текот на својата речиси петдецениска кариера многупати има настапено со ансамблот, и дома и надвор. Секогаш соработките со Танец ги истакнува како особено значајни и инспиративни за неговата музика, како за македонската музичка култура во целост.

Македонскиот виртуоз на гитара во изјава за српските медиуми објаснува како дошло до заеднички проект со „Танец“.

– Првиот заеднички настап го имавме пред дваесетина години, и тогаш свирев само една работа со нив, потоа поминаа пет години, па свирев друга работа. И така идејата за заеднички проект дојде пред две години, а се реализира минатата есен кога го имавме првиот заеднички концерт во Скопје. Беа направени специјални аранжмани за народниот оркестар, но во малку помодерен дух. На тој концерт можеа да се слушнат многу интересни комбинации на традиционални нумери од богатиот фолклор на македонската музика и мои импровизации, кои се интересни и значајни за некои луѓе, изјави Стефановски за белградска ТВ Нова.

Фолк мотивите се неизоставен елемент на неговата музика, па оваа соработка со „Танец“, реализирана есента 2021 година во форма на концертен албум издаден на ДВД, беше логичен чекор напред.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....