Пејачката Анабела Атијас се присети на периодот од бракот со Гаги Ѓогани, опишувајќи колку ѝ било тешко и како, како што вели, практично сама ги одгледала децата. Нејзината исповед, проследена со солзи, открива низ што минувала додека Луна и Нина биле мали.
Анабела и Гаги имаат две ќерки, а пејачката истакна дека имало многу тежок период во кој сфатила дека во бракот останала сама.
„Сфатив дека со две мали деца одам сама по еднонасочна улица и тогаш пукна сè. Тие почнаа да страдаат заедно со мене и веќе немав право да носам одлуки само за себе. Тој и самиот признава дека не бил присутен како татко во тоа време. Човекот што беше покрај нас, всушност беше отсутен. Имаше свои проблеми. Тоа е болест и веќе не го осудувам, затоа што сфатив колку е тешко да се падне во порок. Веројатно беше подобро што не беше тука. Среќа што ја имав мајка ми, таа не дозволи на моите деца ништо да им недостига,“ вели Анабела.
Анабела се наврати и на почетокот на нивната соработка, кога ја објавија песната „Samo u snu“, додека таа живеела во Шведска како бегалец.
„Гаги имаше замислено сценарио дека ќе стане ѕвезда и ќе го наполни Сава центар. Јас му велев: ‘слушај го, немаме ни леб’, а тој сонува големи сцени. А на крај така и беше. Кога ми испрати пет илјади марки, веднаш отидов да купам што ми требаше“, откри Анабела.
Најтешко ѝ паѓаат спомените за мајка ѝ, која сè уште живее во Шведска.
„Кога ќе дојдеме во одредени години, сфаќаме колку ни недостигаат родителите. Таа ми е болка. Осамена е таму, а и јас сум овде. Многу ми недостига. Не сака да дојде во Белград, сè ја врзува за Шведска. Таму е свој човек, овде би била странец“, вели Анабела за „Шок ток“.
По разводот од Гаги и три неуспешни врски, Анабела ја започна љубовта со сегашниот сопруг Андреј Атијас, со кого ја доби ќерката Бланки.
„Кога веќе не сакав да видам ниеден маж, се појави тој. Се бореше најмногу за мене и така ме освои,“ раскажува таа.
Но и со Андреј имало тежок период, поради неговите пороци. Анабела открива зошто решила да замине.
„Бланки тогаш имаше пет години. Тој беше во многу мрачен период и јас многу страдав гледајќи го таков. Не можев повеќе да гледам самоуништување и не знаев како да помогнам. Моето заминување беше најдобрата одлука за тој да се разбуди. И му благодарам за тоа,“ вели Анабела.
Таа додава дека не постоела трета личност и дека никогаш не се изневериле.
„Тоа траеше кратко. Кога се пријави на лечење и побара да му бидам поддршка, тука се зближивме. Денес е здрав, никогаш подобар. Се разбуди и посака да биде добро,“ заклучува таа.
