9.8 C
Скопје
14:27 - 31 март, 2026

Љубовницата на Путин – Кабаева купила две куќи во Турција, наводно ќе се сели со посредство на Ердоган

Според руски опозициски извор, љубовницата на Владимир Путин, има две луксузни домови во Турција, земја членка на НАТО. Според гласините, Алина Кабаева (39) поседува викендица во јужна Турција и втор стан во Инстабул.

Имотите се купени преку посредник и со помош на близок соработник на претседателот Ердоган. Ова го изјави израелскиот бизнисмен со руско потекло Леонид Невзлин (62), поранешен косопственик на нафтениот гигант Јукос и еден од главните непријатели на Путин.

За време на војната во Украина, Кабаева беше санкционирана од Британија, ЕУ и Канада поради нејзините наводни блиски лични врски со Путин. Невзлин не даде конкретни докази за своето тврдење за двете наводни куќи на Кабаева.

Во април тој тврдеше дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу бил „надвор од акција“ во војната откако доживеал „тежок срцев удар“. Сепак, Шојгу одигра значајна улога во парадата на Денот на победата на 9 мај во Москва, иако неговата видливост навистина беше слаба во последните недели.

 

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....