0.8 C
Скопје
02:13 - 12 март, 2026

Љубовната приказна на Бејби Лазања е како модерна бајка: „Мислев дека никогаш нема да ми се јави“

Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, ја претставуваше Хрватска на Евровизија во Шведска, каде го освои второто место и ја воодушеви европската публика со песната „Рим тим таги дим“. По Евровизија, тој стана главна тема на европските медиуми, а многумина ги интересираше неговиот приватен живот и емотивниот статус.

Срцето на младиот уметник Марко Пуришиќ го освои Елизабета Ружиќ, која е и негова свршеница и колешка. Токму таа го режираше спотот за песната „Рим тим таги дим“.

„Марко и јас се знаеме повеќе од три години. Се запознавме на Инстаграм. Свиреше во бенд, знаев за нив и реков: „Каков убав лик“. Потоа решив да го додадам на Инстаграм, тој ме следеше и ме контактираше. Љубовна приказна на 21 век“, раскажа таа во документарниот филм „До Евровизија“.

Иако Марко мислел дека нивниот прв состанок поминал совршено, Елизабета се чувствувала ужасно до тој степен што кога се вратила дома, пуштила љубовни песни кои го кршат срцето. И тогаш Марко ѝ пратил порака „Еј, кога ќе излеземе пак?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeta (@elizabeta_ruzic)

„Во меѓувреме и испратив порака на мојата пријателка дека е најлошото досега и дека ликот никогаш повеќе нема да ме контактира во животот, а подоцна и пишав дека веќе тоа го направил и дека повторно ќе излеземе“, раскажа Елизабета.

И двајцата се во светот на музиката, а Елизабета му помага на својот вереник во стајлингот и стои зад визуелниот дел од проектот Бејби Лазања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeta (@elizabeta_ruzic)

„Верувам во нејзиниот музички вкус. Завршила и школа за пијано, па барем делумно ја сметам за музичар. Верувам во нејзиниот вкус и проценка, па сите песни што ги слушнавте од Бејби Лазања – таа рече „да“ на тие песни. Треба да знаете да слушате. Често егото тоа не го дава, особено машкото…но на крајот се исплати“, изјави Марко Пуришиќ во споменатиот документарен филм.

Двајцата веќе наголемо ја планираат заедничката иднина. Секако, планираат да имаат и деца, а Марко смета дека Елизабета ќе биде прекрасна мајка.

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....