02:53 - 7 ноември, 2026

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

Откако холивудската ѕвезда Том Круз беше фотографиран на плажа на Мајорка, со опуштена кожа на стомакот и н градите, пластичните хирурзи се вклучија во дебата дали тој направил естетска операција. Д-р Дејвид Хил верува дека „опуштената кожа“ на актерот можеби е предизвикана од „липосукција“, пишува Дејли меил.

Холивудската ѕвезда неодамна беше фотографирана без маица додека уживаше на одмор на плажа во Шпанија. 61-годишниот Том Круз изгледаше затегнато на фотографиите, но имаше делови од неговото тело каде неговата кожа не беше толку еластична.

Во разговор со новинарите на Дејли меил, д-р Дејвид Хил, пластичен хирург од Чикаго, вели дека причина може да бидат претходните естетски зафати, поточно липосукција на телото. Оваа операција, според експертот, се изведува за да се исцицаат маснотиите од деловите на телото каде што може да се акумулираат и кои инаку тешко се отстрануваат. Ова ги вклучува деловите на стомакот, колковите, бутовите и задникот.

„Обично, ако со текот на времето изгубите тежина по природен пат, ќе почувствувате помалку бранување и нерамна кожа бидејќи тоа се случува постепено. Со липосукција, бидејќи се случува побрзо, кожата нема време да се стеснува толку многу… па така, кожата на Том Круз е опуштенаверојано како белег на липосукцијата“, објасни д-р Хил.

Тој, исто така, истакна дека ако актерот навистина имал липосукција, тоа е направено многу добро, бидејќи „не гледа никакви знаци на неправилна контура на неговото тело што би укажало на лоша липосукција, а има подобрена дефиниција на мускулите. Ако липосукција е направена, тогаш е  направена многу добро“.

Во меѓувреме, вториот експерт, д-р Хауард Собел, козметички дерматолошки хирург во болницата Ленокс Хил во Њујорк, изјави за Дејли меил дека е невозможно да се каже дали Том имал операција, бидејќи опуштената кожа забележана на сликите може едноставно да биде природно стареење.  Тој додаде дека „за секој 61-годишен маж, може да очекувате опуштена кожа бидејќи како што старееме ја губиме еластичноста на нашата кожа. Областите на Том Круз со губење на тонот на кожата се типични за мажите. Областите на градите и областа под градите, кожата околу ребрата и стомачните мускули многу често тие се првите што ја губат еластичноста“.

Да потсетиме, на 26 април беше објавено дека Том Круз бара начини да се смири со својата ќерка. Повеќе од 10 години Том Круз бил отсутен од животот на своето дете.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....