19.8 C
Скопје
14:03 - 22 септември, 2026

Љубовен триаголник на естрадата? Џејла Рамовиќ беше во врска со другарот на Јаков Јозиновиќ, а сега тој не ги следи и двајцата на Инстаграм

Љубовната врска меѓу Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ е најжешката естрадна тема во регионот, а по нивниот бакнеж снимен на јахта, на социјалните мрежи се појавија нови шпекулации.

Имено, корисници на платформата Икс тврдат дека словенечкиот пејач Бојан Цвјетиќанин, фронтмен на групата „Џокер аут“, наводно престанал да ги следи, па дури и ги блокирал Џејла и Јаков на социјалните мрежи.

@username0025601 #dzejlaramovic #bojancvjeticanin #jakovjozinovic ♬ Originalton – _𝐀𝐲𝐥𝐢𝐧_


Објавите со наводни докази брзо се проширија на интернет, а бројни корисници коментираат дека станува збор за нов пресврт во односите меѓу тројцата млади музичари. Сепак, ниту Џејла, ниту Јаков, ниту Бојан досега не се огласиле по повод овие тврдења, па информациите засега остануваат на ниво на шпекулации.

Бојан и Јаков со години негуваа добар колегијален однос. Фронтменот на „Џокер аут“ во повеќе наврати објавуваше нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи и јавно го поддржуваше неговиот музички ангажман.

Во прилог на тоа оди и фактот што „Џокер аут“ гостуваше на концертот на Јозиновиќ во Љубљана, одржан на 8 мај.

@whatafeeling97 Bojan & Jakov 🤍 #jakovjozinovic #bojancvjetićanin #koncert #umazanemisli #balkan @Jakov Jozinovic @Joker Out Official ♬ original sound – directioner4life


Да потсетиме, Џејла никогаш јавно не потврди дека била во врска со Бојан Цвјетиќанин, иако медиумите долго време пишуваа за нивната наводна романса. На прашањето за нивниот однос, неодамна дипломатски одговори:

„Ајде тоа да го оставиме за некој другпат. Малку ги измешаа работите. Само му залепија епитет дека глумел во спотот, а тој го напиша сценариото и беше режисер. Сето тоа падна во сенка поради тие наслови. На крајот, се сведе на тоа дека е мој дечко, а сè друго што беше важно се заборави“, изјави пејачката за „Кликс“.

Бојан Цвјетиќанин е словенечки пејач и актер, најпознат како фронтмен на рок-групата „Џокер аут“. Роден е во Љубљана, а има потекло од Босна и Херцеговина. Со својот бенд ја претставуваше Словенија на изборот за песна на Евровизија во 2023 година во Ливерпул со песната „Carpe Diem“, каде што го освоија 21. место.

Слични објави

Алка Вуица ужива во улогата на баба: „Ни донесе среќа во нашето уметничко семејство“

Еспресо

Сергеј Варошлија отворено за нарушените односи со Лила Филиповска: „Не сакам да имам негативен електрицитет кон никого“

Еспресо

Ќерките на Јелена Карлеуша плачеле поради преселбата на Атина: „Многу се плашам, првите недели ќе бидам со неа во Милано“

Еспресо

(Фото) Анета Љумакоска му посвети емотивни зборови на сопругот: „Мојата љубов и мојата најголема сигурност“

Еспресо

По летото во Македонија, Маријана Новачевска ужива во најслатката прегратка на внуката Ева

Еспресо

Седум симптоми кои може да укажуваат дека нешто сериозно се случува со бубрезите – еден знак може да го забележите веднаш наутро

Т.Ц.
Се вчитува....