12:14 - 15 април, 2026

„Лепа Лукиќ не сакаше да плати 1200 евра за да ѝ го извадат забот“: Колега на пејачката се присети на една несекојдневна случка

Пејачот Ацко Незировиќ се потсети на една несекојдневна случка со Лепа Лукиќ. Тој за Гранд.рс рече дека за време на неговата музичка кариера често соработувал со Лепа и дека кралицата на народната музика доаѓала во неговото кафуле во Виена.

Се присети како Лепа Лукиќ му се јавила во пет часот наутро.

– Во тоа време живеев во Виена и мојот телефон заѕвони во пет часот наутро, не знаев кој е. Тоа беше Лепа, која ми рече дека треба да ја однесам на забар затоа што ја боли заб. Рече: „Те молам дојди, ќе да умрам“. Ми објасни каде треба да одиме и отидовме таму. Дежурниот доктор предложи прво да го сними забот, бидејќи му изгледаше како здрав заб, но Лепа инсистираше да го извади. Таа рече: „Веднаш вади го!“. Но кога праша колку чини и кога слушна 1.200 евра, само изусти: „Не! Застани! Да одиме прво да јадеме супа, па можеби болката ќе престане“. Сите бевме збунети што ѝ стана, знаеме дека жената има пари. Подоцна ми рече дека од инает нема да плати 1.000 евра за еден заб – се присети Незировиќ.

Слични објави

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Т.Ц.

„Ги гледа луѓето од високо и ги дели на тоа кој е важен, а кој не“: Српската пејачка „удри“ по Лепа Брена

Еспресо

Тука нешто „смрди“: Неверојатна животна лекција од Снеже Велков

msp-admin

Стјепан Хаусер ги откажа сите концерти: „Мојата состојба бара итно внимание…“

Еспресо

(Фото) Вино за двајца, море и јагоди: Кристина Арнаудова ужива во животот

msp-admin

Дневен хороскоп за 15 април: Избегнувајте конфликти

apostolova
Се вчитува....