03:21 - 19 август, 2026

Лепа Лукиќ напиша тестамент: Еве кому го остава богатството, но под еден услов

Лепа Лукиќ, икона на народната музика, сподели со јавноста дека напишала тестамент.

Се што стекнала во текот на својата 50-годишна кариера, како и ресторанот што е во нејзина сопственост, два стана и куќа, пејачката одлучила да ги остави на својот внук Радисав. Но, Радисав ќе го добие наследството ако исполни еден услов.

„Напишав тестамент во кој изјавив дека мојот внук мора да се грижи за мојата мачка Маза, ако јас умрам пред неа. Радисав да ја чува и гали Маза, а тој ќе наследи се што сум стекнала во текот на мојот живот. Документот се наоѓа кај мојот адвокат“, изјави Лепа.

Пејачката објасни дека е многу приврзана за својата мачка која ја посвоила пред девет години. – “Таа е чудо од мачка, ја гледам како мое дете. Затоа сакав да се погрижам дека ќе биде згрижена кога ќе ме нема. Од 2011 година живееме заедно како мајка и ќерка “, изјави Лепа за српски Информер.

Лепа понатаму сподели како се грижи за Маза и колку е паметна таа мачка. – „Таа е многу паметна, попаметна е од мене! Никогаш не се качува на маса додека јадам, како другите мачки. Таа ги има нејзините гранули и кога ќе каже: „Мјау“, ја прашувам: „Сине, кажи ми што сакаш, кажи ѝ на мајка што сакаш?’ Потоа одиме до местото каде што е нејзината чинија со храна и јас ѝ ставам гранули, а кога ќе се најаде, одиме во спалната соба, го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека заедно да спиеме. Да живеам сама, би спобудалела! Со Маза, никогаш не сум сама“, беше искрена пејачка.

(Фото) Јелена Карлеуша во јавност, го спомна и Душко: Погледнете како изгледа среде разводната треска 

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....