6.8 C
Скопје
07:54 - 1 април, 2026

ЛЕПА БРЕНА ЌЕ ГРАДИ СКИ-ЦЕНТАР И ХОТЕЛ СО ПОГЛЕД НА САРАЕВО: Проектот е готов, се чека договор со општината

Ски-центарот треба да има две патеки долги 700 метри со еден ски-лифт, а инфраструктурниот проект е планиран во рамките на паркот на природата Требевиќ.

Пејачката Лепа Брена и Саша Поповиќ неодамна го продадоа својот удел во продукцијата „Гранд“ и заработија по 15 милиони евра.

Саша Поповиќ веќе откри дека вложил пари во недвижен имот, додека Лепа Брена откри дека планира нов бизнис, но се уште не откри за што се работи.

Сега е откриено дека Брена планира да изгради ски-центар и хотел на Требевиќ над Сараево, пренесува. Таа кон крајот на јануари треба да дојде со сопругот Слободан Боба Живојиновиќ и да се договори конечно со надлежните во општината.

Не само скијачки патеки туку проектот планира на истата локација и хотел.

Во проектната документација било наведено дека Сараево ќе биде еден од ретките, ако не и единствен главен град кој ќе има скијачка патека со поглед на градот. Според идејниот проект, предвидена е изградба на скијачка патека и ски-лифт (двосед) и обезбедување на систем за вештачки снег. Во таа насока, предвидено е и одржување и управување со ски-системот и придружните угостителски објекти долж скијачките патеки, пренесува порталот кликс.ба.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....