17:06 - 24 април, 2025

Лепа Брена ја коментира Александра Пријовиќ: „Ѝ објаснив дека таа е сега како билката осатка“

Пејачката Александра Пријовиќ го освои регионот со бројни распродадени концерти. Позато е колку Лепа Брена ѝ е поддршка, па со неа настапи и во Штарк Арената во Белград каде заедно отпеаа една песна.

инстаграм

Легендарната пејачка сега го искоментира неверојатниот успех на нејзината снаа, Прија:

„Таа е феномен на своето време. Тоа што јас го гледам наоколу, е дека луѓето не го очекуваа ова. Ѝ објаснив, исто како што мене ми објаснија во 1982 година, дека таа сега е билка која се вика Попино прасе (односно Осатка, плевел). Покојниот Милан Миљаниќ мене тоа ми го објасни и јас сфатив што мене ми се случуваше. Попино прасе е билка која изгледа како пченица, и кога ќе ја ставите меѓу дланките, едни ве оговараат, други ве фалат, а тоа Попино прасе само излегува на површина и оди кон врвот. Таа испиша нова страница на историјата. Треба д биде среќна. Таа и Филип, бидејќи без продуцент и добар менаџер не може пејач да биде толку успешен. Јас ѝ посакав да уживаат во тој триумф и момент, зашто иднината во шоубизнисот е непредвидлива. Тоа е една голема семејна среќа. Постојат само пет луѓе во оваа земја кои можат да сфатат што е тоа, зашто повеќе од пет луѓе не доживеале таков регионален успех. Кога ја прегрнав на тој концерт, толку заплакав заедно со неа, зашто знам колку се тоа е тешко. Кога си доле, и кога си просек, не пречиш никому, а штом испливаш на врв, кислород има се помалку, а ветриштата се силни. Тука сме сите околу неа, јас ја прегрнав за да знае дека сите сме тука со неа и дека многу добро ја разбирам, но како жена морав да заплачам, затоа што таа за мене е едно нежно девојче, а јас знам низ каков пекол јас поминував низ подеми и падови, па така таа прегратка беше прегратка за поддршка, солзите беа емоција и ќе остане една историска снимка – раскажува Брена во еден здив, во емисијата „Први ред“ на српската телевизија К1 и додава:

инстаграм

„Да се доживее тоа што таа го доживеа со една таква поддршка, при што тие двајца се потрудија да направат цела приказна и бајка, таа го покажува сонот на секоја девојка која пее и која се надева дека еден ден може, со нечија помош и поддршка, да дојде горе на врвот, и да каже, да – победив. Таа работеше толку вредно, знам и за нејзините почетоци, па така јас сум инволвирана и професионално и емотивно. Среќна сум поради неа“ – објасни Брена на К1 телевизија.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете какви украси има на свадбата на Теа Таировиќ: 30.000 евра за купола со бладахини и посебно место за ѕвоната

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Детекција на генетски промени што зголемуваат ризик за развој на рак

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот замок: Тука Теа Таировиќ ќе му го каже судбоносното „да“ на Иван, за чие опремување дала 30.000 евра

Еспресо

„Претерав со усните!“: Ања Бла се покаја и призна што си направила себеси

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ стави ортпедско помагало за ногата: „Докторот дојде од Холивуд за мене“

Еспресо

(Фото) Синот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ наполни 2 години: Баба Цеца е најсреќна!

Еспресо