16:21 - 25 февруари, 2026

Леонардо Дикаприо инвестира во производство на месо од лабораторија

Познатиот актер, добитник на Оскар и долгогодишен активист за заштита на животната средина, Леонардо Дикаприо, инвестирал во две компании кои произведуваат месо во лабораторија – „Aleph Farms“ и „Mosa Meat“. Износот на неговите финансиски инвестиции не е објавен, а во споменатите компании тој не е само инвеститор туку се приклучил и на советодавните одбори и станал нивни консултант, пренесуваат странските медиуми.

Двете компании одгледуваат говедско месо од животински клетки, а бидејќи Дикаприо веќе долго време се залага за производство на месо без убивање животни, овој исход не ја изненади јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Men in Suites (@multicelebrityfanls)

„Еден од најдобрите и најефикасните начини за борба против климатската криза е да се смени системот за одгледување на храна“, изјави актерот за медиумите. Тој додаде дека двете компании нудат нови методи на производство за да се задоволат глобалните потреби за говедско месо. Во исто време, тврди тој, тие решаваат некои од најголемите проблеми на сегашното индустриско одгледување на овој вид храна. Пресреќен сум што можам да им се придружам како консултант и инвеститор“, рече тој.

Извршниот директор на „Mosa Meat“, Мартин Бош е воодушевен што работи со оваа позната личност.

„Неговите напори да го направи светот подобар многу добро се вклопуваат во мисијата на нашата компанија. Мило ни е што ни се придружи. Заедно ќе се стремиме да ги снабдуваме сегашните и идните генерации со одржливо месо“, рече тој.

Во 2013 година, оваа холандска компанија го претстави првиот хамбургер направен од месо одгледувано во лабораторија користејќи клетки земени од крава, додека израелскиот „Aleph Farms“ пред три години го претстави првиот говедски стек од лабораториско одгледување.

Се верува дека глобалната потрошувачка на месо е една од причините за климатските промени поради користење на земјиштето и емисијата на гасови, вклучувајќи го и метанот. Затоа, според некои поборници, решенијата за заштита е вештачкото произведство. Имено, глобалната потрошувачка на оваа намирница може да се зголеми за 40 до 70 проценти до 2050 година, а за да се задоволат дел од потребите, постојано се работи на развој на вештачкото.

Слични објави

Ќерката на Аца Амадеус со страшно сведоштво за својот татко: „Не’ шишаеше и тепаше, а мајка ми ја тераше да се дрогира“

Е.А.

(Видео) Се огласи обвинителството по нападот на Бјелогрлиќ врз тиктокерот: Ќе ги преземе овие дејствија

Еспресо

(Фото) Игор Којиќ повторно во љубов со Хрватка: Убавата Николина беше мис, се занимаваше и со политика, а е двојно помлада од Северина

Еспресо

(Фото) Неодоливи кадри од домот на Огњен Амиџиќ, сопругата Мина сподели фотографија од нивната ќерка Лола

Еспресо

Надица Адемов си купила стан во Белград, искеширала 380.000 евра

Еспресо

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova
Се вчитува....