5.8 C
Скопје
01:44 - 1 април, 2026

Леонардо ди Каприо НЕ е во врска со премладата моделка Еден Полани: „Ако седел до неа, не значи дека се во романса“

Леонардо ди Каприо не излегува со 19-годишниот модел Еден Полани, изјави извор за британски Пипл.

Оскаровецот (48) предизвика гласини дека е во врска со премладата моделка, откако минатиот месец присуствуваше на забава каде беше забележан во друштво на убавата Полани.

Според изворот на Пипл „Лео и Еден случајно седеа еден до друг на забавата и биле во исто друштво… Само затоа што Лео можеби зборува или седи со девојка не значи дека тој излегува со неа“.

Претставник на Полани не одговори веднаш на барањето на Пипл за коментар.

Ди Каприо последен пат беше поврзан со 23-годишната актерка Викторија Ламас, откако двајцата беа видени како одделно го напуштаат The Birds Streets Club во Сансет булеварот во Западен Холивуд во декември, пред да влезат заедно во автомобил.

Изворот изјави за Пипл дека заминале од „големата групна вечера“, додавајќи: „Им се придружија и голем број други луѓе во автомобилот“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....