13:49 - 3 април, 2026

Лејди Гага откри дека на инаугурацијата на Бајден носела фустан отпорен на куршуми

лејди гага

Лејди Гага откри дека на настапот на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден на 20 јануари минатата година, носела фустан отпорен на куршуми, пренесува „DailyMail“.

лејди гага

Фото: EPA-EFE/Win McNamee /Пејачката и актерка го нарече својот настап „еден од најубавите моменти во нејзиниот живот“. Креацијата на фустанот е дело на модната куќа „Schiaparelli“. Во интервју за магазинот „Vogue“ вели дека се плашела додека Доналд Трамп бил претседател.

лејди гага
Фото: EPA-EFE/JONATHAN ERNST

„Како и многу луѓе во Америка, чувствував неопислив страв кога Трамп беше на власт. Пеев во фустан отпорен на куршуми. Не знам дали публиката го знае ова за мене, но порано сакав да бидам воена новинарка“, откри таа.

„Бев воодушевена кога го видов златниот брош во облик на гулаб. „Schiaparelli“ е италијанска модна куќа, а со изборот на фустанот сакав да покажам колку сум горда на моето италијанско-американско потекло. Го пречекав 46-от претседател на САД на достоинствен начин“, додаде таа.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....