18:15 - 31 јануари, 2026

Лавров: „Контактите со Европа не ни се веќе приоритет“; „Западот сака Молдавија да стане втора Украина“

„Ние не ја нападнавме Украина, туку прогласивме специјална воена операција бидејќи немавме апсолутно никаков друг начин да му објасниме на Западот дека вовлекувањето на Украина во НАТО е криминален чин“, рече шефот на московската дипломатија.

Русија не е целосно чиста. Русија е тоа што е. „И не се срамиме да покажеме кои сме“. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за британската телевизија „Би-Би-Си“. „Ние не ја нападнавме Украина, туку прогласивме специјална воена операција бидејќи немавме апсолутно никаков друг начин да му објасниме на Западот дека вовлекувањето на Украина во НАТО е криминален чин“, изјави шефот на московската дипломатија.

„Голема штета е што меѓународните дипломати, вклучително и високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, генералниот секретар на ОН и други претставници на ОН, се под притисок од Западот. И многу често тие се користат за засилување на лажните вести што ги шири Западот“, продолжи министерот.

Во однос на „лошата состојба“ во односите меѓу Русија и Обединетото Кралство, повикан да ја коментира ситуацијата, Лавров рече: „Мислам дека нема повеќе простор за маневрирање, бидејќи и (премиерот Борис) Џонсон и ( министерот за надворешни работи, Лиз) Трас отворено велат дека Русија мора да биде поразена и принудена да падне на колена. Продолжете, тогаш направете го тоа“.

Минатиот месец Трас рече дека Путин се „понижува себеси“ на светската сцена и дека „мора да се погрижиме тој да се соочи со пораз во Украина“. Според рускиот министер, владата во Лондон „уште еднаш ги жртвува интересите на својот народ заради политичките амбиции“.

Во уште едно интервју пак, овојпат за телевизијата НТВ, а пренесува агенцијата Тас, Лавров истакнува дека контактите со Европа веќе не се приоритет за Русија.

„Секогаш сме работеле со Западот и Истокот, Северот и Југот, бидејќи Западот ги прекина сите контакти, ние објективно работиме со Истокот како и досега. Ги прошируваме контактите со Истокот. Во апсолутна смисла овие контакти растат, додека во релативна смисла Европа исчезна од нашите приоритети“, изјави шефот на руската дипломатија.

Понатаму, ускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека „Западот сака Молдавија да стане втора Украина“, па затоа ја поткопува нејзината стабилност, пренесува Риа Новости.

Слични објави

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova
Се вчитува....