0.8 C
Скопје
03:40 - 13 март, 2026

Квентин Тарантино жали што не го повикал Харви Вајнштајн на машки разговор: „Тоа што го правел не е нормално!“

Квентин Тарантино изјави дека жали што немал сериозен разговор со Харви Вајнштајн откако дознал за сериското малтретирање на жени од страна на холивудскиот продуцент.

Режисерот го изјави ова во своето интервју за подкастот Who’s Talking to Chris Wallace? на новинарот Крис Валас.

Тарантино признал дека со години знаел за несоодветното однесување на Вајнстин кон жените, но не се обидел да разговара со продуцентот, со кој работел повеќе од 10 години.

„Ги слушнав сите приказни за кои сите други знаеја. За тоа дека малтретира жени. Но, не знаев за силувањето. Сето тоа ми изгледаше како слика од серијата Mad Men со својот патријархален свет во кој газдата се обидува да ја заведе својата секретарка. Сепак, не велам дека тоа е нормално. И не го викнав на машки разговор, бидејќи сето тоа ми изгледаше некако патетично. Тоа што го направи, јас го сметав и за патетично однесување. Иако сега мислам дека требаше да разговарам со него за тоа“, рече Тарантино.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....