23:53 - 13 ноември, 2026

Три техники за привлекување пари што верувале или не – функционираат!

А кому не му требаат пари? 

Постојано се жалите дека парите ви „летаат“ од новчаникот, дека едвај врзувате крај со крај во месецот? Пробајте ги овие три проверени техники – не, не станува збор за никаква магија – кои фунцкионираат.

Техники за собирање пари:

  1. Изглед на паричникот

Колку е поубав вашиот паричник, толку повеќе пари ќе се појават таму! Пожелно е жените да имаат црвен паричник – во него се слеваат пари!, или пак да одберат цветен/шарен паричник но во живи нијанси и на светла основа.

Мажите за да привлечат пари, треба да имаат бел паричник или паричник во златна нијанса, наместо популарните кожени црни или кафени паричници кои ги гледаме насекаде. Белиот паричник особено гарантира многу пари!

Второ, не помалку важно, не врши работа само еден паричник. Идеално е во слични нијанси да имате неколку паричници за различни намени. За тековни трошоци/пазар/супермаркет – еден, за чување пари за одмор – друг, за големо купување – трет. Тогаш парите се акумулираат подобро, и, според тоа, се множат!

2. Позајмување од себе

Научете да си позајмувате пари сами на себе – но со камата! Да добро прочитавте. Доколку одлучите да земете пари од издвоената сума, на пример, за одмор, тогаш задолжително ветете си дека ќе ги вратите со доплата и во строго дефиниран рок.

3. Техниката „калкулатор“.

Бројте ги вашите заштеди што е можно почесто (на пример, еднаш дневно), дури и ако навистина не ви е потребно. Се верува дека така парите побрзо ќе се множат. И не дозволувајте други луѓе да ги бројат ваште пари, односно никој да не ги допира освен вас! Во спротивно енергиите ќе се смешаат, а парите може брзо да ви „летнат“.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....