14:16 - 27 ноември, 2026

„Малку се здебели“: Кумот откри како се чувствува Милица Тодоровиќ пред породувањето

Пејачката Милица Тодоровиќ, која го очекува своето прво дете со на јавноста непознат маж, го минува овој период исполнета со радост и возбуда. Нејзиниот долгогодишен пријател и кум, пејачот Стеван Анџелковиќ, откри детали за тоа како Милица се чувствува деновиве.

Анџелковиќ присуствуваше на прославата по повод полнолетството на синот на естрадниот менаџер Бане Обрадовиќ, каде што со насмевка зборуваше за својата кума.

„Среќна е, нормално дека слушам и се гледаме. Ужива, малку се здебели како и секоја трудница“  изјави Стеван за „Курир“.

Иако овојпат не беше во друштво на сопругата, тој искрено прокоментира: „Не е вечерва тука, па и не одам баш често со жена ми. Некогаш може, некогаш не може“.

Милица и претходно истакнуваше дека мајчинството е нејзина животна желба. Покрај музичката кариера и новиот албум кој е во завршна фаза, пејачката вели дека најголемата среќа ќе ја почувствува кога ќе стане мајка.

– Сакам да направам голем концерт, а потоа и турнеја. Тоа ми е голема желба, но друга – уште поголема – е да се остварам во улогата на мајка. Сè оди како што Бог ќе каже, тоа е Неговата волја. Можеме да правиме планови, но ќе биде како што е запишано – изјави таа претходно за „Гранд“.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....