18.8 C
Скопје
13:25 - 25 март, 2026

КРИСТЕН СТЈУАРТ СНИМИЛА ОКОЛУ 50 ФИЛМОВИ, НО ОТВОРЕНО ПРИЗНА: Само пет се навистина добри

кристен стјуарт

Актерката Кристен Стјуарт е најпозната по улогата во „The Twilight Saga“, а во текот на нејзината кариера има снимено околу педесет филмови.

Во своето неодамнешно интервју за „The Sunday Times“, актерката дека не е задоволна од повеќето филмови што ги снимила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fashion & Art (@topfashiontv)

„Веројатно има пет навистина добри“, рече 31-годишната Кристен.

Стјуарт ги наведе филмовите „Clouds of Sils Maria“ и „Personal Shopper“ истакнувајќи дека ѝ се омилени, од кои и двата се дело на режисерот Оливие Асајас.

„Ова не значи дека се каам што ги снимив, но жалам што се согласив да снимам некои затоа што воопшто не беше забавно“, откри таа.

Иако не сакаше да открие кои се тие лоши филмови, ги спореди со љубовни врски.

„Чувството е како кога сфаќате дека не знаете што правите со некого. Единствената разлика е во тоа што не можете да прекинете среде снимањето“, се пошегува актерката.

Последниот филм што Кристен го сними беше филмот „Spencer“ во кој таа ја отелотвори покојната принцеза Дијана.

Слични објави

Итно хоспитализиран Мирослав Илиќ: Пејачот примен во Ургентниот центар

Еспресо

(Фото) Летување во камп во 1990-тите: Носталгичен спомен на Миа Костова

msp-admin

Ана Николиќ се врати во својот стан, соседите се очајни: „Спиевме мирно додека таа беше во хотел“

Еспресо

(Фото) Мала радост во домот на Наталија, сопругата на Андреј од ДНК

Еспресо

(Видео) Еве како да го започнете денот: Здрав појадок според рецепт на бремената Едита Арадиновиќ

Еспресо

(Видео) Цаки „Кисми“ ептен изненади, во приказната е и Снеже Велков

Еспресо
Се вчитува....