33.6 C
Скопје
18:07 - 6 август, 2026

КРЕАТОРОТ НА СЕРИЈАТА „SQUID GAME“: Не се збогатив од мега успехот

Хванг Донг-Хјук

Се проценува дека серијата „Squid Game“ која буквално го „полуде“ светот му донела на „Netflix“ околу 900 милиони долари, а снимањето чинело 21,4 милиони долари, наведува „BBC“. И покрај вртоглавите бројки, креаторот на серијата вели дека не се збогатил.

Хванг Донг-Хјук е умот што стои зад оваа мега популарна серија за која вели дека и покрај глобалниот успех не се збогатил. Тој вели дека, во споредба со освоените 36 милиони долари, колку што добива победникот на дистописката игра во неговата серија, тој сè уште не е толку богат.

„Доста ми е. Имам доволно за да ставам храна на масата. И не е дека „Netflix“ ми плаќа бонус. „Netflix“ ми плати според изворниот договор“, изјави тој во интервју за „The Guardian“, додавајќи дека за време на снимањето изгубил шест заби поради екстремен стрес.

Како серијата „Squid Game“ ја откри страшната вистина за светот во кој живееме?

„Беше физички и психички исцрпувачки, но постојано добивав нови идеи за време на снимањето, па работата се зголеми“, откри тој.

„Wall Street Journal“ претходно објави дека Хванг живеел со неговата мајка и баба додека го пишувал сценариото за серијата и имал финансиски потешкотии. Во еден момент, тој дури морал да престане да го пишува сценарио за серијата за да го продаде својот лаптоп за 675 долари во готово.

Стриминг платформата „Netflix“ го удвои бројот на претплатници во третиот квартал благодарение на ТВ сериите од неанглиското говорно подрачје, меѓу кои е секако јужнокорејскиот хит „Squid Game“, кој воедно беше и најгледаната серија по нејзината премиера во септември.

Хванг за „IndieWire“ изјави дека серијата се заснова на проблемите ширум светот, вклучувајќи ја и економската криза во Јужна Кореја која го погодила и него.

Иако успехот на серијата е несомнен, зачудувачки е фактот што студијата 10 години ја отфрлале приказната, која првично била напишана како филм, бидејќи концептот бил „премногу гротескен и премногу нереален“.

Во моментов се зборува за снимање на втората сезона, но креаторот на серијата не е воодушевен од идејата. Претходно тој за „The Hollywood Reporter“ изјави дека изгубил шест заби поради стресот од снимањето на првата сезона.

„Немам добро развиени планови за „Squid Game 2“. Прилично е заморно да се размислува. Ако го направам тоа, сигурно не би го направил сам. Би размислувал за користење просторија со писатели и би сакал поискусни режисери“, изјави Хванг за „Variety“.

Слични објави

Ова е бизнисменот со кого Милица Тодоровиќ доби син?

Е.А.

Јаков Јозиновиќ апелираше до публиката да престане да фрла мобилни телефони на сцената

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац позираше како балерина и им испрати моќна порака на жените: „Живејте според вашите стандарди“

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Улогата на пробиотиците во здравјето на цревата

Еспресо

(Видео) Не се одвојува од синот – Анастасија Ражнатовиќ сподели сладок момент од сопругот Немања и нивниот син

Еспресо

(Видео) Марко Пејчиновски ја избричи главата во чест на покојната мајка и како поддршка за сите што се борат со рак

Еспресо
Се вчитува....