7.8 C
Скопје
12:36 - 22 февруари, 2025

Кралот Чарлс не верува дека Хари и Вилијам ќе се смират: Принц Хари бара помирување

Кога кралот Чарлс III ја објавил својата дијагноза, принцот Хари веднаш се качил на авион од Калифорнија за Велика Британија за да го види својот татко. Според упатените, ова е знак дека тензијата меѓу војводата од Сасекс и кралското семејство се намалува.

„Таткото и синот направија мали чекори за да ја поправат својата нарушена врска. Сигурен сум дека тоа беше емотивно но и исцрпувачко искуство и за двајцата, но тоа беше чекор во вистинската насока“, додава извор од Пипл (People) за кратката посета на принцот Хари на неговата татковина. Војводата од Сасекс бил благодарен за можноста директно да разговара со својот татко и да го поддржи.

Иако постојат знаци на помирување меѓу принцот Хари и Чарлс III, неговото патување во Велика Британија не вклучуваше посета на неговиот брат, принцот Вилијам. Според извор од палатата, Хари сакал да се сретне со Вилијам, но тој одбил. Поранешен дворјанин сугерира дека „главна грижа“ на принцот од Велс останува неговата сопруга Кејт Мидлтон, која се опоравува од операција на абдоменот.

„Би било логично да ја посетам мојата снаа, која беше подложена на тешка операција, а исто така да ги видам внуката и внуците. Но, работите не се нормални. Тоа е страшно тажно”, рекол Хари на свој пријател, според извор близок до кралското семејство.

„Семејната болка е отворена рана. Тоа е толку длабока рана“, објаснува Кетрин Мајер, авторка на биографијата „Чарлс: Срцето на кралот“.

Односите меѓу принцовите целосно се распаднаа по објавувањето на мемоарите на војводата од Сасекс насовени „Резерва“ но и по документарецот на Нетфликс во кој Меган Маркл го критикуваше кралското семејство.

„Сето ова е поврзано со желбата на Вилијам да ја заштити монархијата, за која, според него, не може да му се верува на Хари. Мислам дека Вилијам никогаш нема да се согласи Хари да се врати во семејството, освен ако јавно не се извини“, вели британскиот историчар Роберт Лејси за списанието Пипл.

Принтскрин, насловна страница на мартовското издание на Пипл

Принцот Хари пак, во емисијата Добро утро Америка рече дека планира повеќе патувања во својата татковина и сега се надева дека „ќе го гледам моето семејство што е можно почесто“.

Првата посета е закажана за мај и ќе биде посветена на 10-годишнината од игрите Инвиктус. Сепак, зближувањето со неговиот постар брат останува малку веројатно, а уште помалку вројатно е дека кралот Чарлс III ќе посредува во нивното помирување.

„Секако дека би сакал Вилијам и Хари повторно да бидат блиски. Но, знае дека тоа нема да се случи”, изјавила кралската биографка Ингрид Севард за Пипл.

Слични објави

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Еспресо

Мајката на Дарко Лазиќ измамена! Се огласи жената на нејзиниот партнер Драган

Еспресо
Се вчитува....