10.8 C
Скопје
00:51 - 4 април, 2026

Кралот Чарлс ќе направи нешто за принцот Ендрју – а истото тоа не сакаше да го направи за принцот Хари

Мала предбожиќна полемика лебди над кралот Чарлс III и повторно се однесува на неговиот помлад брат Ендрју, кој сега е далеку од јавниот живот, но и понатаму се зборува за него.

Последната вест во врска со него е дека кралот ќе плати за приватната придружба (телохранители и обезбедување) на војводата од Јорк од свој џеб: цифра која прилично висока, која, според Телеграф, би изнесувала речиси три милиони фунти годишно.

Британците се со поделено мислење за оваа вест, а многумина се прашуваат зашто тоа го прави за неговиот брат, кога претходно не го направи за својот син.

Безбедноста на членовите на кралското семејство отсекогаш била гарантирана од Скотланд Јард и поради оваа причина се плаќа со јавни средства, но бидејќи принцот Ендрју повеќе не е „вработен“ член на кралското семејство, тој повеќе не може да ја користи оваа привилегија. Оттука и потребата од приватна услуга, која очигледно скапо чини.

„Вооружената заштита отсекогаш била статусен симбол за луѓе како принцот Ендрју“, изјави Норман Бејкер, поранешен министер за внатрешни работи и член на Советот за приватност на кралот, за The Sun:

„Тој треба сам да плати за тоа и да не ги оптоварува даночните обврзници, бидејќи тој е приватно лице и не врши никаква јавна функција. Луѓето како Дејвид Бекам сами си плаќаат за својата безбедност, зошто принцот Ендру да не си плати сам? Не треба да плаќаме за безбедноста на Ендрју или Хари или кој било друг член на кралското семејство кој не врши јавни должности“.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....